ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Со растот на БДП ќе се намалува долгот на државата

June 9, 2021 15:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Премиерот Зоран Заев смета дека со зголемување на економскиот раст односно на БДП-то на државата ќе се намалува јавниот и државниот долг.  Сите индикатори – приходите во државата, извозот, увозот во државата, индустриското производство покажуваат дека сме на вистинскиот пат за да се зголеми економскиот раст, вели Заев и додава дека државата има обврска тоа да го помогне.

–Нека продолжат трендовите на раст на БДП заради тоа што тоа го очекуваме. Веќе вториот квартал споредено со, еве денеска и на дебатата од која што излегуваме е дека вториот квартал лани имаше пад од 14,9 отсто. Само да го анулираме тоа, е раст од 15 отсто споредено со лани. Целото зголемување на очекуваниот раст на БДП веднаш го релативизира односно минимизира јавниот долг затоа што тоа се прави во споредба со БДП на државата. Сите индикатори – приходите во државата, извозот, увозот во државата, индустриското производство покажуваат дека сме на вистинскиот пат. Државата има најмалку обврска да го помогне тоа. Затоа имаме 107 милиони евра дополнителни капитални инвестиции. Основата е 30 проценти скоро имаме поголема реализација во споредба со лани или со трендот од претходните години, рече премиерот.

Дополнително, нагласи, имаме 100 милиони евра помош за мерките за да може да бидат акцелератор на развој. Нема, рече, да делиме плати по 14.500 сигурно, но ќе поддржиме инвестиции.

-Секој што ќе смогне храброст, ќе повлече кредити, ќе влезе во нова инвестициска активност може да смета на својата земја за поддршка. Гледате како се сите расходни делови направени се со конечна цел да бидеме акцелератор односно ветер во грб за севкупниот економски развој на државата. Ние сме сите отворени за дебата, но тоа што го изградивме е токму од тоа што го слушавме – од јавноста, од коморите, од девелоперите или развојните алатки во државата коишто ги имаме и така е вграден и јас сум среќен што имаме сила и капацитет да еден ваков ребаланс на Буџет го проектираме и го презентираме пред јавноста, рече Заев.

Тој нагласи дека јавниот долг во бројка е околу 64 проценти, но посочи дека треба да се знае дека според Махстришки критериуми се гледа државниот долг кој во моментов е некаде 55-56 проценти, и оти тој  според ЕУ не би требало да надмине 60 проценти.

– Тој, имајќи предвид со какви предизвици се справува светот, имајќи предвид дека пораснал од 10 до 35 отсто за време на кризата во различни земји мислам дека сме ние долу на прагот и навистина се снајдовме со тоа што – да, го зголемивме јавниот долг, да помогнеме на стопанството, но, рака на срце сите гледате се откажавме од непродуктивни трошења за да му помогнеме на стопанството. И денеска ги имаме резултатите, плодовите и денеска ги чувствуваме, но верувам дека доаѓа токму периодот на којшто ќе се радуваме на бројки на БДП, и на уште помала невработеност во стопанството, и на уште поголем раст на извозот и продуктивноста на нашата економија затоа што верувам дека навремено се е сработено за да можеме да очекуваме вакви позитивни трендови и резултати, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања по дискусијата за македонската економија пред и по Ковид-19.

Во врска со исплатат на К-15 за јавната аминистрација, тој уште еднаш нагласи дека тоа е обврска преземена со колективни договори потпишани во 2019 година. Доколку не ги исполни обврските, нагласи премиерот Заев, државата со камата преку извршители ќе треба да си ги плати на суд. Дополнително, нагласи тие средства граѓаните ќе ги користат за јавна потрошувачка која исто така учествува во голем дел во економскот раст. 

извор: МИА

Next Post

Исплатени субвенции за 2.332 индивудуални земјоделци

НАЈНОВО

Временско ехо 24 октомври

Временско ЕХО – 24 октомври

October 24, 2025

Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

October 24, 2025

Дефект во системот ја блокира „Аљаска ерлајнс“: Привремено прекинати сите летови низ САД

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk