ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Само за три години двојно зголемени платите на лекарите специјалисти

June 10, 2021 20:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Во вечерашното издание на емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија во која гостуваше министерот за здравство д-р Венко Филипче, истакна дека во текот на кризата со пандемијата здравствените работници ги оправдаа покачувањата на платите кои во изминатиот период беа реализирани, но и паричните средства кои ги добија како награда кон крајот на изминатата 2020 година. Тој истакна дека оваа инвестиција чинеше вкупно 30 милиони евра, почнувајќи од 2017 година па наваму, со што токму оваа инвестиција е влогот во човечкиот капитал и влогот во младите кои треба да ги мотивираме да се едуцираат и развиваат професионално во државата, како и сите други здравствени работници кои се заслужни за справувањето со ковид пандемијата.

-Здравствените работници во нашата земја се единствени здравствени работници посебно лекарите специјалисти коишто имаат дуплирање на плата споредбено со било која друга европска земја. Јас не знам за друга земја во којашто за три години платите на лекарите специјалисти заедно со дежурствата се практично дуплирани. Тоа што беше плата 60.000 до 65.000 денари, сега во некои клиники стигнува и над 120.000 денари и ние така ја започнавме кризата. Првиот месец март, април минатата година беше месец кога беше последното зголемување и огромен број на специјалисти ги добија своите огромен број на плати. Во делот на медицинските сестри беше исто така, платите коишто беа помеѓу 19.000-25.000 денари сега варираат помеѓу 25.000-33.000 денари. Ова е огромно зголемување од околу 30%. Околу Нова година решивме дека сите здравствени работници коишто работат со ковид пациенти беа наградени со сума на пари од 30.000 денари, а сега со зголемување од 5% на примањата на сите здравствени работници почнувајќи од месец мај, кои поради технички причини беа задоцнети меѓутоа на крајот на овој месец ќе се исплатат за март, април, мај и јуни за да во следниот месец сите здравствени работници го добијат тоа зголемување од 5%. Близу 30 милиони евра чини вкупната инвестиција во примањата на здравствените работници и сите други вработени, административци, помошно-технички персонал во здравствениот сектор од 2017 година до сега. – кажа министерот Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk