ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изречени мерки на претпазливост за осомничен за сообраќајката со смртни последици во Кисела Вода

June 10, 2021 11:05
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

 Изречени мерки на претпазливост против осмоничен 25-годишен жител на село Батинци, кој учествувал во сообраќајната несреќа на на улица „Борис Трајковски“, во која животот го загубија две лица, а со телесни повреди се здобија шест лица, информираат од ОЈО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со екипа од МВР, извршија увид на самото место каде на 8 јуни 2021 година, во 23:05 часот, во Скопје, на улица „Борис Трајковски“ се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.  По наредба на обвинителството обезбедени се и подигнати траги од лице  место, обезбедена е фото документацијата од местото на настанот, издадени се наредби за сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење обдукција на телата на починатите. Извршени се и други проверки со цел прибирање на материјални и вербални докази за натамошно расветлување на настанот.

-Според првичните сознанија на обвинителството, сега осомничениот, 25-годишен жител на село Батинци, скопско, управувал со патничко моторно возило Хундаи Акцент по левата сообраќајна лента од улицата „Борис Трајковски“. Кога пристигнал пред крстосница, непочитувајќи ги надолжните ознаки на коловозот ( удвоена бела полна линија), започнал да врши престигнување од левата страна на патничко моторно возило Фиат Пунто кое се движело пред него. Осомничениот со престигнувањето го попречил сообраќајот од спротивната насока и при тоа се судрил со патничко моторно возило Мерцедес Е-200. Од ударот, возилото на осомничениот се придвижило кон десно и удрило во патничкото моторно возило Фиат Пунто кое се обидел претходно да го престигнува. Возилото Мерцедес Е-200 од ударот се придвижило и отишло на коловозна лента наменета за сообраќај  на возилата од спротивната насока, по што бил удрен од патничко моторно возило Фолсфаген Пасат и возило Фолсфаген Шаран и завршило со движењето удирајќи во метална ограда на блискиот тротоар, се вели во соопштението од ОЈО.

Од незгодата со телесни повреди се здобиле шест лица, а со тешки телесни повреди се здобило едногодишно дете.

Во сообраќајната незгода, поради тежината на здобиените повреди, на самото место животот го загубиле две лица, 28-годишен скопјанец – возачот на Мерцедес Е-200 и жител на село Студеничани на возраст од 50 години кои управувал со возилото Фолсваген Пасат.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе посапка против осомничениот возач поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството предложи до Основниот кривичен суд Скопје, а судот со Решение ги определи предложените мерки на претпазливост на осомничениот – забрана за напуштање  на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува  повремено  на определено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за нејзино издавање и привремено одземање на возачката дозвола и забрана за издавање на нова возачка дозвола.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

АСО: Осигуреници наплатија 15 милиони евра од штети за првиот квартал од годинава

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Убиената велешанка повеќепати го пријавувала поранешниот партнер за насилство, бил условно осуден на 9 септември

September 16, 2025

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

Кандидати за претседател на Бенфика ветуваат нови тренери: Клоп и Аморим како опции

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk