ЦИВИЛ денес организира панел дискусија насловена „Младите и европските вредности“ која ќе се одржи во Хотел Парк&Спа (зад градски стадион), во Скопје, со почеток во 13 часот.
Колку младите се запознаени со европските вредности, дали нивното општествено –политичко опкружување отвора можности за промовирање и негување на европските вредности во нашата земја или уште повеќе ги охрабруваат за нивно заминување во странство, колку образовниот систем придонесува за европеизација на младите, постои ли европска иднина за младите во нашата држава, кои се искуствата да се биде млад овде и во некоја од европските земји, се само дел од прашањата на кои ЦИВИЛ и учесниците на панел дискусијата ќе се обидат да дадат одговор.
Учесници на панелот ќе бидат Билјана Арсовска-комуниколог, Андреј Стојкоски-Национален младински совет на Македонија и Билјана Стојческа-Младински сојуз Крушево. Модератор на настанот ќе биде Ирена Крџиќ, ЦИВИЛ.
Дискусијата ќе се организира со физичко и онлајн присуство и ќе трае најмногу еден час.
Настанот ќе се пренесува во живо на видео каналот и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од настанот, ќе се објавуваат на ЦИВИЛ МЕДИА, медиумската платформа на организацијата, на македонски, албански и англиски јазик. Добредојдени се телевизиски екипи, нагласуваат од ЦИВИЛ.