ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Шар Планина од идната недела ќе се прогласи за Национален парк

June 10, 2021 10:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк ќе се изгласа во Собранието наредната недела. Ова се најавите на министерот на животна средина Насер Нуредини, кој беше дел од медиумската теренска посета на Шар Планина во пресрет на заштитата на овој појас.

„Останува само пратениците да дадат зелено светло, завршени се сите дебати во собраниските комисии, се очекува пратениците да обезбедат кворум и да се гласа законот во Собранието, тоа е чисто формално работа, истакна Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Со прогласување на Шар Планина за Национален парк Македонија по 6 децении ќе добие заштитено подрачје. Еколошките организации го поздравија ваквиот чекор од каде истакнаа дека претходела макотрпна работа. Разговори и убедувања со локалното население, ловџиските друштва планинарите. Речиси сите засегнати страни прифатиле Шара да биде Национален парк, од кој несомнено ќе имаат бенефит.

Се работи за површина од 62 000 хектари. Со новото идно заштитено подрачје заедно со националниот парк Шари на косовската страна, Кораб во Албанија, како и нашиот Национален парк ќе добиеме еден од најголемите заштитени појаси во Европа, кој ќе има површина од 24 000 хектари.

Идниот национален парк Шар Планина ќе биде поделен на четири заштитени зони.

„Зоните се поделени според сите стандарди на национални паркови. Првата или најзаштитената зона во горните делови на Шара каде има недопрена прекрасна природа каде спаѓа и срцето на Шара, Лешница опфаќа 26,6 % од идниот парк. Втората зона или зона на активно управување опфаќа 49,9 % од идниот национален парк и третата зона или зона на одржливо користење опфаќа 22 % од паркот, каде спаѓаат сите 30 шарпланински села кои се дел од паркот, чии мештани како што кажува и самиот назив зона на одржливо користење ќе имаат можност и понатака да ги обавуваат своите активности како и претходно. На никој во селото нема да му се забрани да гради или да врши сеча во сопствената шума, но со строга контрола. Има и четврта зона таканаречена Бафер зона, каде се наоѓа скијачкиот центар Попова Шапка, зона која ја имаме се со цел слободно да се развива центарот, на основа на Мастер планот за развој изработен пред десетина години, но за жал уште нереализиран“, рече Анела Ставреска Панајотова од здружението „Натура“.

Од Македонското еколошко друштво кои во текот на целата постапка за прогласување на Шар Планина за Национален парк беа вклучени, се надеваат дека девијантните појави нема да ги има во идното заштитено подрачје, тоа е и цела на секој национален парк да се заштити природата.

„Ние сите се надеваме дека во идното заштитено подрачје нема да има дивоградби и што е најважно нема да се градат нови хидроцентрали, како и ќе се престане со создавање на нови диви депонии. Но овие појави не може да ги спречи националниот парк како установа, се разбира тука треба да се вклучат повеќе институции на државата, се со цел во идното заштитено подрачје да имаме поголема контрола“, рече Фросина Пандурска Драмиќанин од Македонското еколошко друштво.

Од Управата за заштита на животната средина, уверуваат дека нема да се дозволат такви појави тоа е и целта на паркот, а во меѓувреме се преговара со дел од инвеститорите да се откажат од градење на хидроцентрали на Шара, за кои веќе претходно имаат добиено дозволи

„Еден инвеститор односно концесионер во преговори со Министерот за животна средина веќе се откажал да гради хидроцентрала на Шара, се преговара со уште четири концесионери да се откажат, но тие хидроцентрали кои ги има на Шара и кои се во фаза на изградба се веќе реалност во паркот и за нив нема што да се преземе, имаат добиено дозволи и хидроцентралите се веќе тука“, рече Хисен Џемаили раководител на Управата за заштита на животната средина.

По изгласувањето во Собранието на Законот за прогласување на Шар Планина за национален парк се очекува во рок од три месеци да се формира управата која ќе раководи со паркот, чие седиште најверојатно ќе биде во Тетово, а каде ќе бидат вработени идните ренџери и останатиот персонал, кој ќе треба да се грижи за идното заштитено подрачје.

Зоран Димовски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен, освежување од среда

July 7, 2025
Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk