ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ВОА: Некои со легални влогови, а некои и со крадење струја, сè повеќе македонски граѓани „копаат“ криптовалути

June 11, 2021 09:34
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

С поред податоците на ЕВН, македонските граѓани најмногу копаат криптовалути со последната генерација на компјутери, одредени само за таа намена, во скопските населби Чаир, Ченто и Шутка, како и во Тетово и Арачиново, објави Гласот на Америка.Овие компјутери наменети за копање на криптовалути троши многу електрична енергија и сериозно ја оптоварува мрежата, а од ЕВН велат дека потрошувачката особено скокнала пролетва.

„Едно домаќинство, ако има потреба од одредена потрошувачка, доколку инсталира компјутери што копаат криптовалути, тоа значи дека може да потроши енергија за 20 или за 30 домаќинства, што го нарушува напојувањето на сите соседни корисници на таа напојна точка“, вели Ленче Карпузовска, менаџерка на Оддел за комуникации во ЕВН.

Целта е да се избегнат високите сметки, кои за копање криптовалути често се пресметуваат и во стотици евра.

„Прават паралелни диви приклучоци, со паралелни кабли со многу поголеми пресеци и така ја крадат и дистрибуција и ја нарушуваат целата околина. Штета трпиме сите, и компанијата и граѓаните. Дополнително можат да настанат проблеми и од типот на пожар или да се запали инсталација што не е соодветна за таа потрошувачка“, додава Карпузовска.

Евидентирана е и појава на паралелни диви приклучоци, со паралелни кабли со многу поголеми пресеци и така ја крадат и дистрибуција и ја нарушуваат целата околина за да се избегнат високите сметки, кои за копање криптовалути често се пресметуваат и во стотици евра. Дополнително можат да настанат проблеми и од типот на пожар или да се запали инсталација што не е соодветна за таа потрошувачка.

Познавачите велат дека растот на потрошувачката, меѓу другото е поради новиот тренд кај помладите да „копаат“ криптовалути на своите компјутери дома. Овој тренд е во постојан раст во сите земји, па така во Исланд количината потрошена струја на компјутери за копање крипотовалути, каде има и цели фабрики за тоа, ја надмина онаа што ја користат домаќинствата.

За овој проблем за енормна потрошувачка на електрична енергија од оваа причина алармираше и Регулаторната комисија за енергетика.

Извор: Гласот на Америка

Next Post

Средба на Спасовски со иселениците во Словенија

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk