ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Алијанса за Албанците: Повторно се појавија старите шеми на изнудување пари од ученици и родители од Тетово

June 13, 2021 14:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Само што заврши уште една учебна година и во Тетово повторно се појавија старите шеми на изнудување пари од ученици и родители од основните и средни училишта во Тетово. Многу ученици и родители изминативе денови пријавија дека од нив е побарано пари за сведителствата, обвинуваат од Алијанса за Албанците (АА) на денешната прес-конференција во Тетово.

– Знаејќи дека законот на сила и последното соопштение од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека документацијата на завршната година се обезбедува од Бирото за образование, ние како Алијанса јавно прашуваме: Кој ги ограбува тетовските ученици и нивните родители? Од кој центар доаѓаат наредбите за да им се земат пари повторно?, прашуваат од АА.

„Нам ни е јасно дека жртви на овие шеми се и тетовските учители, наставници и професори кои што некој ги става во тешка положба и пред сè бараме разбирање за нив, што и така се прегазени од неисплаќањето за додатната работа за време на пандемијата.

Но, жртви се и учениците и родителите на Тетово, кои по многу трошоци за обезбедување компјутерска опрема, телефони и интернет, сега се принудени да плаќаат и за сведителства.

Ги повикуваме корумпираните директори од корумпираната владејачка партија ДУИ и назначени од најнеуспешната градоначалничка во историјата на Тетово, Теута Арифи, итно да престанат со оваа ниска форма на корупција и злоупотреба.

Ги предупредуваме овие службени лица ако од денес дознаеме за уште еден случај од оваа појава, нема да се двоумиме да ги објавиме со име, презиме и слики сите тие што ги ограбуваат нашите фамилии и вршат притисок врз наставниците.

Јавно го повикуваме инспекторатот за образование барем еднаш правилно да ја изврши својата должност и да ги казни тие што немаат милост ни кон децата.

Сведителствата со закон се обезбедени бесплатно, затоа драги деца, родители и почитувани наставници: Немојте да молчите, пријавете секој обид за кражба, грабеж и корупција во Тетово, за да се бориме заедно против овие појави, на кои наскоро, во октомври оваа година и официјално ќе им дојде крајот! Во оваа борба Алијанса за Албанците ќе биде секогаш на ваша страна, против криминалот, корупцијата, кражбата и грабежот во сите нејзини форми.“, велат од Алијанса за Албанците.

Next Post

Првпат после 10 месеци нема починат од Ковид-19 во изминатото деноноќие, осум се заразени

Најново

Трајчулески: ВМРО сега ретерира за уставноста на законот за државјанства, дали сфатија дека министри ќе останат без мандат?

April 24, 2026

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

April 24, 2026

Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада ама не може Бугари во Устав

April 24, 2026
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

МВР со детали за апсењето на поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини

April 24, 2026

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk