ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дебата: Неопходни се менување на јавната свест, реформи во образовниот процес од намјала возраст за откорнување на дискриминацијата

June 14, 2021 14:31
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Менување на јавната свест која што почнува од семејството, од дома, реформи во образовниот процес уште од најмала возраст и во претшколските и во школските установи, медиумите, промени во политичкиот систем – со цел жените да не бидат само квота, туку да бидат поставени на одлучувачки позиции, се дел од заклучоците кои призлегоа од денешната панел дискусија „Обединети во различностите: Рамноправност и недискриминација во Република Северна Македонија“, во организација на Центарот за европски истражувања и анализи Еуропроспера.

Маја Морачанин, пратеничка и претседател на ДОМ истакна дека на дебатата констатирале дека е потребно имплементација и сериозни напори да се вложат повеќе во имплементација на европските законски решенија.

– Особено е важно и менување на јавната свест која што почнува од семејството, од дома, но многу важен фактор е образовниот процес и тоа е клучното влијание уште од најмала возраст и во претшколските и во школските установи и медиумите коишто даваат поддршка на овие теми кога се зборува за родовата еднаквост, за правата на жените, за ЛГБТ луѓето и другите маргилизирани групи, бидејќи на тој начин едноставно може да се менува јавната свест, да се разбиваат стереотипите и предрасудите и да се спречува и да се заштитиме сите од дискиминација, говорна омраза, насилство од омраза, кои што за жал се уште се присутни во нашето општество, рече таа.

Весна Поповска, декан на Правниот факултет при Меѓународниот универзитет „Визион“ потенцира дека „за да се откорне“ дискриминацијата потребно е да се направат и промени во политичкиот систем и апелира да има поголема женска застапеност  во одлучувачки позиции, а не да бидат само квота.

– Неопходно е Северна Макеоднија да биде една изборна единица во која сите групи, помалите и маргилизираните групи ќе можат да ги искажат своите ставови и репрезентативнот во Парламентот. Ова да се оствари треба да се направат и промени во политичкиот систем, неопходно е Северна Макеоднија да биде една изборна единица во која сите групи, помалите и маргилизираните групи ќе можат да ги искажат своите ставови и репрезентативнот во парламентот. А во поглед на претстојните локални избори апелираме да има поголема женска застапеност и во делот на одлучувачките позиции, односно не само во бројот на застапеност на листите, туку и во бројот на кандидатки за градоначалнички носителки на листи, претседателки на совети. Апелираме исто така, да има посебно внимание во делот на изборот на квалитетот на жените кои доаѓаат на овие позиции. Жените да не бидат само квота, туку навистина да добијат репрезентативност која е соодветна, рече Поповска

Александра Димовска, извршна директорка на Центарот за европски истражувања и анализи ЕУРОПРОСПЕРА истакна дека на дискусијата е нотиран напредок во нашето општество во областите човекови права, актидискриминацијата, но рече, ни претстои уште многу работа за да се направи нашето општество родово сензитивно, потолерантно, поотворено

– Ги повикувам сите релевантни институции да ја продолжат својата работа и да овозможат поголем напредок и побрза европеизација и тоа ќе не однесе чекор поблиску до интеграција на Северна Македонија во Европската унија, рече Димовска.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk