Антивакцинален став базиран врз лажно твдење за составот на вакцините беше пласиран од страна на свештеник на МПЦ-ОА. Во вакцините има клетки од абортирани дечиња. Црквата е против абортусот и ако мислиме само на нашиот живот и се вакцинираме, а за тоа пострадале невини суштества во утробата на својата мајка и тоа не по нивна воља туку по воља на некој друг. И сега тие се жртва за ние да се вакцинираме и да примиме здравје. Јас сум против тоа. И секој што се вакцинира го прифаќа и одобрува абортусот. Тоа е една од причините, а ги има многу. Друга причина е што тие што повикуваа на намалување на населението, сега гледаме како вложуваат во вакцините.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на Алијансата, односно на пленарната седница на Северноатлантскиот совет. Шефовите на држави и влади на вој Самит се согласија дека тој се одржува во клучен момент за Алијансата и за нејзината колективна безбедност.
„Судството нема да биде поштедено од дигитализацијата“, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ, додавајќи дека дигитализацијата за жал во некои сегменти од општеството наидува на отпор, но отпор кон модернизацијата не треба да има. Министерот Маричиќ најави дека преку дигитализацијата судењата на далечина или онлајн судењата за 60% ќе ја зголемат ефикасноста и транспарентноста, а дополнително, на овој начин ќе се намалат и трошоците за граѓаните.
Започна уривањето на платформите во Струга. На атрактивните плажи долж брегот денес започна отстранување на платформите од езерото. Концесионерите сами ги демонтираат објектите по налог на општината. Градоначалникот, кој денес заедно со вицепремиерот Артан Груби извршија увид на крајбрежјето, најави дека ќе се отстрануваат шест платформи за зачувување на статусот на регионот под УНЕСКО.
Заев имаше средба со претседателот на Република Полска Анджеј Дуда, на која присуствуваа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Бујар Османи. На средбата беше истакнато взаемното задоволство од нагорниот позитивен развој на блиските и пријателски односи меѓу двете земји што беше оценето како одличен потенцијал за идната соработка.
М. Миткоска