ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Дискусија за 5Г технологијата – граѓаните прашуваат, а експертите одговараат

June 15, 2021 13:01
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Придобивките од 5Г технологијата се големи – за дваесет пати побрзо преземање на филмови и музика и истовремено поврзување на повеќе уреди, а ќе се овозможат и нови сервиси кои сега се незамисливи. Освен за граѓаните новата техологија ќе има и широка примена во индустријата, автоматизацијата, роботиката и целокупната дигитализација на сите сфери од општеството.

Граѓаните ќе ги почувствуваат бенфитите од преминот од 4Г технологија на 5Г, исто како, што е преминот од постар на понов и подобро опремен автомобил. Тоа значи дека се ќе биде и побрзо и ќе добиваат повеќе услуги во исто време, а со 5Г технологијата ќе се овозможи и во поруралните средини да имаат пристап до брз интернет и сервиси.

Ваква технологија веќе е достапна во некои земја од Европа, како Германија, Велика Британија и Словенија, додека кај нас операторите минатата година почнаа со тестирање на 5Г мрежа во централното подрачје на Скопје. Сето тоа е успешно завршено и генерално очекувањата се до 2023 година еден поголем град да биде покриен, а до 2025 до 50 проценти од популацијата во нашата земја.

Кои се придобивките, а кои се слабостите од користење на 5Г мрежата, дали новата технологија и уредите ќе троши и повеќе струја, кои се безбедносните и здравствени ризици и дали ќе се зголемат цената на услугите и уредите се прашањата, кои граѓаните ги поставуваа во рамки на денешната онлај дискусија за „Дигитална агенда – Сè што сакавте да знаете за 5Г технологијата“, организирана од Фондација Метаморфозис, во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, кофинансиран од Европската Унија.

Одговорите на овие и други прашања, во форма на онлајн дискусија ги дадоа извршниот директор на Фондација за интернет и општество Метаморфозис Бардил Јашари, раководителот на Сектор за телекомуникации во Агенцијата за електронски комуникации Борис Арсов, директорот на Сектор за пристапни мрежи во Македонски Телеком Васко Најков и Томислав Шуминоски, доцент на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Граѓаните треба да знаат дека секоја нова генерација си носи и нова технолошка поддршка со уреди – па ако сакаате да користите 5Г технологија ќе мора да имате уред што поддржува 5Г.

5Г технологијата користи повисоки фрекфенции и со тоа троши и помалку струја, но мобилните уреди, според некои анализи моментално користат 10 до 15 проценти повеќе батерија од претходните генерации.  Една 5Г антена е со големина на звучник и се значително помали од сегашните, но имаат опсег од 500 во погусто населени места, па освен придобивките, за граѓаните повидливо ќе биде и тоа дека ќе треба да се постават повеќе антени.

Во однос на безбедноста и здравјето на луѓето поврзано со зрачењата од новата технологија, учесниците на дебатата, посочија дека сите држави, вклучително и АЕК прават мерења и досега нема докази дека има било каква штета на животните и луѓето. Резултатите од мерењата се јавно достапни и може да се видат на страната на АЕК и други релеватни меѓународни институции.

Со 5Г технологијата – нивото на безбедност на комуникацијата се надградени и е побезбедна, но сепак таа нема целосно да ја замени постоечката 4Г и ние се уште, уште долго ќе ги користиме старите мрежи и ќе бидеме поврзани на оптичка мрежа, што значи дека нашата изложеност на злоупотреби ќе остане речиси иста, како и досега.

Според учесниците на денешната дебата, стандардните и за безбедност и за приватност – ќе се зголемуваат со самата 5Г технологија и со тоа самите услуги и уредите ќе ги направи и подобри, од самата безбедност на уредите кои ги поврзуваме, потоа податоците кои се процесираат и чуваат, и дека сетоа тоа ќе биде преточено во одредените протоколи и законски рамки кои ќе треба да се следат во таа насока.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Штипска апелација ја отфрли жалбата на Фадил Зејнелов, кој е осуден на доживотен затвор за убиството на Емилија Пешова

May 9, 2025

Навики што создаваат јаз во врската

May 9, 2025

ЕК обезбеди дополнителни три милијарди евра за спроведувањето на Пактот за миграција и азил

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk