ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Климатските промени пресушија голем дел од изворите на Шара ,а исчезнуваат и бунарите во Полошкиот регион

June 15, 2021 17:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 20 до 30 % од изворите на Шар Планина во последнава деценија исчезнаа, а на голем дел од овие водни потенцијали кои луѓето ги користат за вода за нив и за стоката, како и за наводнување на земјоделската површина им се намалува издашноста. Ова се проценките на Центарот за јавно здравје Тетово, институција која ги одржува водоснабдителните системи на Шара.

„Според тоа што го гледаме на терен како и разговори со мештаните и планинарите, вистина е дека шарските извори исчезнуваат. Го гледаш изворот со доволно количини вода која од година вгодина секнува, за на крај да нема ниту капка вода.Причините се климатските промени, имаме многу намалување на врнежите од 15 до 18 % и тоа придонесува да имаме вакви проблеми“, изјави доктор Ратко Давидовски специјалист по хигиена и здравствена екологија од Центарот за јавно здравје Тетово.

И планинарските друштва потврдуваат дека шарските извори кои порано изобилуваа со вода, сега имаат сосема друга слика. Причина според нив е се разбира како што велат климатските промени, но и човечкиот фактор.

„Се забележува оваа проблематика. Годинава можеби состојбата е малку подобра за разлика од претходните години затоа што имавме врнежи од снег дури и во месец април, но во просек можеме да забележиме дека некои извори не се тоа што биле, а некои дури се и исчезнати. Се разбира причината се климатските промени, но тука важна лоша улога ако може така да се каже одигрува и човекот. Има појави на Шара каде поради градежни активности или некои други причини кои се познати само на тие што ја уништуваат природата, некој да го затрупа изворот, или пак над него да изведува некои активности, мислејќи дека овој извор ќе се појави десетина или дваесетина метри подолу. Но на крај на тој извор сосема му секнува водата која се губи, тоа е голема штета и за планината на која сакаме да се развие планинскиот туризам, но како без вода, ако знаеме дека и тоа е убавината на Шара, планина со изобилство на извори“, рече Снежана Новаковска претседател на планинарскиот клуб Тетекс.

Но не само на планините и во полошката котлина имаме исчезнување на бунарите претежно во селските средини.

„Нивото на водата ни се намалува, сега бараме некои други извори, отворање на бунари во повеќе села во нашата општина, но ова е работа кој не може да се спроведе брзо, потребни се проекти и инвестции“, рече Енвер Пајазити градоначалник на Општина Брвеница

 Д-р Давидовски вели дека мора да се прилагодуваме на климатските промени. Водата не би требало да преставува проблем, ако имаме сериозни инвестици и сериозен пристап.

„Човекот секогаш можел и може да се прилагодува на природата. Така е и сега. Климатските промени знаете што се, период кога имаме големи врнежи , а некогаш е голема суша, е сега таа вода од тие врнежи треба да се зачува, за да ја користиме кога имаме потреба од неа, а тоа може да се изведе само со изградба на акумулациони брани, што е сериозна и голема инвестиција, па така водата ќе се штеди ќе стои, и кога ќе немаме издашност на изворите од кои Тетово се снабдува со вода ќе се користи“, рече д-р Ратко Давидовски специјалист по хигиена и здравствена екологија.

Речиси сите општини од полошко се соочуваат со недостог од вода за пиење, но ниту една локална самоуправа особено урбаните, Тетово и Гостивар немаат најави или идеи за израдба на акумулациони брани, кои би ги зафаќале шарпланинските реки.

Зоран Димовски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Влада

Мицкоски: ВМРО ДПМНЕ ги објави кандидатите за градоначалници за 33 општини

June 14, 2025

Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

June 14, 2025

Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел, се закани Кац

June 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk