Нашето членство во ЕУ ќе биде долг процес и нема да биде лесен. Членството во НАТО е важниот влог за членството во ЕУ да биде достижно, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска вечерва во 24 Анализа.
Шекеринска рече дека американската извршна наредба воопшто не треба да ја третираме како западно балкански, дури да не зборувам за наш македонски рецепт.
– Јас на ниту една претходна средба не сум чула толку голем фокус од страна на првите луѓе на Америка на темите како што се владеење на право, слобода, демократија и борба против корупција, истакна Шекеринска.
„На Самитот на НАТО беше отворено кажано дека целта на НАТО е напредок на регионот што е најдобар влог во безбедноста. Беше иницирано да се дискутира за потребата државите да се обврзат на кодекс на однесување каде што клучно е да имаат многу проактивен однос во решавањето на меѓусебните проблеми. Ќе имаме уште една маса на која нема да дискутираат за нас туку ќе се бориме за заштита на своите права.“, нагласи Министерката
На прашањето дали оваа Влада треба да почне да расчистува со корупцијата и во сопствениот двор, Шекеринска одговори дека тој тип на високата корупција е секогаш потешко да го довршиш и притисоците и врз судството, би рекла минатите врски кои не исчезнаа преку ноќ, а беа преголеми, ние од првиот момент знаевме како што ќе треба да испорачаме реформи тероетски, така ќе треба да испорачаме резултати и практично.
– Во делот на пречките за почеток на преговори, јасно е оти сега главната работа ќе лежи во билатералните односи помеѓу нас и Бугарија. Што се однесува до домашните наши задачи, што ќе го дискутираат успехот и брзината на европскиот процес, таму е списокот долг, не е само корупција, рече министерката за одбрана, додавајќи оти треба да имате пофункционални институции, подобро носење одлуки, пожива економија, прилагодени политички парт, рече меѓу другото Шекеринска во 24 Анализа.
Ј. Ѓ.