ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Деспотовски: Меѓународна ревизорска куќа да изготви документ за инвестиците трошоци во Северна Македонија

June 16, 2021 14:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, денеска одржа јавна дискусија на тема „Јасни правила и дефиниции за подобни инвестициски трошоци и поефикасен систем за исплата и следење на државната помош“. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, во изјава за медиумите рече дека со Советот за странски инвеститори и со преставниците на компаниите е дискутирано како да се подобри системот за користење и следење на државната помош.

Според него, подобрувањето треба да оди во неколку аспекти. Првично тој нагласи дека повеќе од компаниите неколку години наназад бараат појаснување на правилата кој што одредени инвестици, односно трошоци се третират од страна на институциите. Со овој чекор тој истакна дека ќе се направат многу јасни правила на игра и за самите компани, меѓутоа и за државата.

– Она што е важно од аспект на државата е тоа што детектиравме одредени области, елементи во делот на државната помош каде што постојат ризици. Ние сакаме низ овој процес што го иницираме денеска тие ризици да ги сведеме на минимум. Тоа подразбира одредени инвестици, односно трошоци за инвестиции посебно во делот на градбата и набавката на опремата да може да ги потврдиме дека се реално согласно пазарните услови и цени. Така ниту инвеститорите нема да бидат оштетени, меѓутоа нема да бидат оштетени и даночните обврзници во Република Северна Македонија, рече директорот Деспотовски.

Третиот сегмнет кој е многу важен, нагласи тој, е тоа како ќе се следат договорите за давање на државна помош, дали тоа следење ќе го прават државните институции, дали ќе го прават инвеститорите сами или ќе се договориме како што веќе инициравме да имаме меѓународна ревизорска куќа.

-Таа веќе е ангажирана од дирекцијата и која што ќе помогне со својата експертиза и искуство да имаме многу јасна слика за тоа колку инвеститорите реализирале трошоци, што од тоа е навистина согласно договорите што се потпишани за да може и инвеститорите и државата да биде на чисто да она што е потпишано и договорено се реализира согласно предвиденото, изјави Деспотовски.

Воедно, тој додаде дека во минатото инвеститорите во зоните соработувале со повеќе институци, и секоја институција си имала свој различен пристап.

-Понекогаш во рамките на една институција имал различен пристап, различно толкување и различни дефиниции. Има ситуација кога одредени трошоци им се признават и затоа им се исплаќа државна помош, во друга ситуација следната година тоа не е случај. Верувам дека тоа внесува не сигурност кај инвеститорите. Тоа беше една од реакциите со кој се соочив јас како директор, наведе Деспотовски.

Во однос на ова прашање тој смета дека за еден ваков процес, не државата, тука една меѓународна ревизорска куќа ќе треба да седне и слушне нивните и барањата на инвеститорите и на крајот ќе изготви еден заеднички документ кој ќе биде јавно достапен до сите. Така сите и постојни и нови инвеститори, според Деспотовски, точно ќе знаат што е прифатливо и што не е прифатливо во аспект на инвестиција, за што државата може да даде пари и за што држават нема да даде пари.

извор: MИА
Next Post

Заев: Ги разбивме сите лаги за поскапувањето на струјата, дури и онаа од шефот на опозицијата

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk