ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најмалку 36 повредени во експлозија на автомобил-бомба во воена база во источна Колумбија

June 16, 2021 08:19
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку 36 лица се повредени во ноќешниот напад во воена база во источна Колумбијам јави ДПА.

-Три лица се сериозно ранети во експлозијата на автомобил-бомба во воениот комплекс на 30-та бригада во Кукута, изјави министерот за одбрана Диего Молано на местото на настанот. „Еден од сериозно повредените веќе е опериран“, додаде тој.

„Го осудуваме овој злобен чин“, рече Молано.

Според првичните сознанија, две лица во базата внеле џип натоварен со експлозив и за неколку минути дошло до силни експлозии.

На видео материјали на социјалните мрежи може да се види голема огнена топка и голем облак со чад.

-Првата претпоставка е дека зад нападот стои герилската организација ЕЛН, кажа Молано. „Но, ние, исто така, ја разгледуваме можната за вмешаност на разделената бунтовничката група ФАРК.

Локалните медиуми претходно соопштија за различни бројки на повредени, а некои објавија дека експлодирале две возила, додека други објавија дека се вклучени две експлозии и едно возило во инцидентот.

Претседателот Иван Дуке претходно  на Твитер објави дека го испратил Молано во градот да ја разјасни ситуацијата, а министерот за внатрешни работи Даниел Паласиос со твит го спомена инцидентот како „терористички акт“.

Базата на 30-та бригада во Кукута е најважната воена база во северо-источна Колумбија, од каде се координирани операциите против левичарската герилска група ЕЛН и разделените групи на поранешните бунтовници на ФАРК, појаснува ДПА.

ЕЛН во јануари 2019 година изврши бомбашки напад врз полициска академија во главниот град Богота и уби 22 лица. Колумбиската влада тогаш ги прекина мировните разговори со организацијата. Марксистичко-ленинистичката Национално-ослободителна армија (ЕЛН) има околу 5.000 борци и извршува напади и зема заложници пред се во источна Колумбија.

ФАРК порано беше најголемата герилска организација и во 2016 година потпиша мировен договор со владата, решавајќи го повеќедеценискиот конфликт, во кој загинаа околу 220.000 луѓе и имаше милиони раселени.

Илјадници борци го положија оружјето и раководството на групата сакаше да ги оствари своите цели како политичка партија. Меѓутоа, некои распарчени групи го одбија мировниот договор и продолжија да се борат. Реинтеграцијата на бунтовниците во цивилниот живот, исто така, е тешка и се смета дека повеќе од 4.000 поранешни борци повторно заминаа во илегала. /МИА/.

Next Post

Прв самит Бајден-Путин во Женева, планирано е да трае четири до пет часа, без храна и заедничка прес конференција

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk