„Му праќам порака на вицепремиерот Артан Груби да не посети и нас и да ни каже начин како и ние да работиме ова е нели едно општество за сите. Бараме исти услови да отстраниме неправилности кои задираат во Планот на Унеско и да продолжиме да работиме Имаме луѓе зад нас вработени, имаме неплатени долгови поради пандемијата“, вели Томе Тримчев, концесионер на плажата „Потпеш“.
Велат од јавна депонија направија репрезентативен угостителско туристички објект каде безброј странци уживаа во убавините на Охрид. Сакаат легално да продолжат со работа да плаќаат закуп како до 2018 година, а вработените да не останат на улица.
„Сме на располагање на градоначалникот на премиерот да ги претставиме, колку вработенис ем имале, колку данок сме платиле, колку сме сотвариле, колку према јавни претпријатија и редовно сме исмале спасители на плажите вработени на плата“, додава Тримчев.
„Јас сум еден од сезонските вработени имаше и сезонки и редовно вработени, како што гледате ние останавме без работа и чарето ќе го бараме надвор од државата ако можеме да најдеме ако не сите остануваме без работа. , вели еден од сезонски вработените.
Пред десеттина денови ЕВН им ја исклучи струјата на угостителските објекти кај каналот Студенчишта и Канео, а градоначалникот ги повика да престанат со работа.
„Струјата ни е исклучена ние имаме поднесено жалба до Регулаторна Комисија и до Основен суд Охрид, бидејчи ние од ЕВН не добивме никакво известување одговорно тврдам за исклучување на струјата“, вели Тримчев.
Концесионерите на Потпеш бараат еднакви услови, објектите да работат се до изнаоѓање на законско решение исто како во Струга, каде се отстрануваа платформи но угостителските објекти на плажите не добија забрана за работа.
Соња Рилковска