Премиeрот Зоран Заев, кој денеска учествува на Самитот за Западен Балкан што се одржува во Виена, му се заблагодари на австрискиот канцелар Себастијан Курц за иницијативата и организацијата, порачувајќи дека додека има вакви лидерства посветени на евроинтеграциите еврпската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот.
На Белградскиот саем и Чаир во Ниш викендов ќе се ревакцинираат околу 15.000 македонски граѓани, кои на 27 и 28 март ја примија првата доза на вакцината Астра Зенека, а продолжува и слободната вакцинација на македонските граѓани на останатите вакцинални пунктови во Србија.
Можноста за влез во Грција и со негативен антигенски рапид (брз) тест и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест, се двете промени на правилата за влез во Грција, кои од утре, во 6 часот наутро стапуваат во сила, а меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија.
На конференцијата за новинарите, премиерот Заев информираше дека во македонско-бугарскиот пријателски дијалог, е направен голем европски исчекор и изрази силно уверување дека низ овој процес, наскоро, Западен Балкан на Европа ќе и донесе нова позитивна вест. Ја враќаме довербата меѓу двете држави и меѓу нашите многу блиски, би рекол братски народи, подвлече премиерот Заев.
Крајно време е Европската Унија да испорача кон Северна Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови. Крајно време е за добри вести и прогрес по европскиот пат за целиот регион, рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров
Значи, Бугарија реши да си направи свое Косово. Во Македонија. Во Северна Македонија. Сега имаат инструмент со кој ќе го разоруваат не само животот кај источниот сосед, туку и сопствената национална супстанца, општествената стварност и иднината. Нема да ја обноват нацијата, како што им се чини, туку ќе ја уништат, повеќе отколку што наумиле да ја „преродат“ во Македонија, пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.
М. Миткоска