ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска на GLOBSEC: Блокадата на почетокот на преговорите со ЕУ креира вакуум што ја отвора вратата за старите сценарија кои ништо добро не му донеле на Балканот и на Европа

June 18, 2021 10:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 

„Кога станавме членка на НАТО и ова беше војна која оние кои се обидуваа да нè спречат, ја изгубија, тие не губеа време, тие  веднаш се свртеа кон другата цел – ЕУ, поткопувајќи го членството кон ЕУ и испраќајќи силна порака низ Балканот дека на западот не смее да му се верува. Видовме ехо во Белград, Приштина, Сараево па дури и Подгорица – дека во Северна Македонија, направија големи реформи, дојдоа до решение со Грција по 3 децении, влегоа во НАТО, но видете со ЕУ – тие не ги исполнија своите ветувања. Па, зошто би биле Белград и Приштина толку фокусирани на  доаѓање до договор кога нема доверливост. Дозволувањето на вакуум е отворање на вратите за нов начин на војување кој е полесен на традиционалниот, на кој потрошивме многу пари и многу години за подготовка”.

Ова го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска која говореше на панел дискусија на Форумот GLOBSEC, заедно со министрите за одбрана на Словачка, Јарослав Над и на Канада, Харџит Саџан.

 

Зборувајќи за НАТО Агендата 2030 во чија суштина се единството, колективната одбрана, безбедноста и отпорноста на општествата пред новите безбедносни предизвици, министерката рече дека членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на храбри одлуки.

„Треба да се предизвикуваме како политичари да бидеме храбри, да ја предизвикуваме статус кво ситуацијата. Пред три години го потпишавме Преспанскиот договор и никој не очекуваше да успее. Успеа. Денеска сме членка на НАТО. Двете Влади покажаа политичка волја да решат спор кој предолго траеше“, рече Шекеринска.

Таа подвлече дека НАТО го одржа својот збор кога станува збор за приклучувањето.

„Задоволна  сум што го одржавме зборот за политиката на отворени врати и на овој Самит, тоа е многу важно, но верувам дека на фронтот на ЕУ, како што рече претседателот на Комисијата, треба да има геополитичка политика, а тоа за Балканот е проширувањето и тоа беше рецепт кој беше успешен. Мислам дека е време да се оди напред” рече министерката на GLOBSEC форумот во Братислава.

 

Next Post

Интензитетот на сообраќајот умерен, на граничните премини нема задржувања

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk