Македонската дипломатија и целокупниот државен врв се наоѓаат во вистинска дипломатска офанзива пред јунскиот самит на ЕУ закажан за 22 јуни. Времето е прилично кусо, но претседателот, премиерот, вицепремиерот за европски прашања, министерот за надворешни работи и министерката за одбрана, со полно темпо и турбо агенда деновиве ги обиколуваат градовите низ Европа и пошироко.
Промените на правилата за патување во Грција, односно можноста за влез во и со негативен антигенски рапид (брз) тест направен 48 часа пред пристигнувањето и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест, веќе се објавени во Службен весник и во 6 часот утрово стапија во сила, а меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија.
Техничката Влада во Бугарија која е со многу ограничен мандат паралелно е и со голема амбиција добро да ги организира парламентарните избори во јули и да ги пронајде коруптивните практики со купено контролирано гласање за време на изборите. Министерот за правда на Република Бугарија Јанаки Стоилов во интервју за МИА вели дека привремената Влада има цел и да ги разоткрие оние модели со кои се спроведува корупцијата, од кои, според него, дел се законски, но се крајно нецелисходни.
Иднината на Европа без автентичното место на Западен Балкан, е бесмислено. Крајно време е Европската Унија да го исполни сопственото ветување за почеток на преговори откако Северна Македонија ги исполни сите услови. Европската перспектива мора да го победи евроскептицизмот. Ова се дел од пораките кои премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров ги испорачаа вчера на Самитот за Западен Балкан во Виена.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на Табановце каде се чека околу 30 до 40 минути.
М. Миткоска