ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ со лаги бега од одговор за корупцискиот скандал со гасот, реагира СДСМ

July 23, 2025 12:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Паничната и нервозна реакција на ВМРО-ДПМНЕ е најдобриот доказ дека се фатени живи во обид да протуркаат уште една криминална зделка на штета на граѓаните. Нивното скандалозно соопштение не само што не ги негира фактите, туку претставува класично признание на вина, скриено зад провидни напади и лаги. Клучното прашање на кое ВМРО-ДПМНЕ не даде одговор е: Дали преговараат зад затворени врати за потпишување меморандум со компанија која е фатена во корупција и поткуп? Молкот за ова прашање е одговор сам по себе, соопштуваат од СДСМ.

Оттаму велат дека „наместо да одговорат, тие потврдуваат дека претходната влада предводена од СДСМ го штитела јавниот интерес и не се договорила на штета на граѓаните.

„Вистината која ВМРО-ДПМНЕ добро ја знае е следната:

Владата предводена од СДСМ одбиваше да склучува договори на штета на граѓаните. За разлика од криминалните навики на ВМРО-ДПМНЕ, ние започнавме јавен и целосно транспарентен тендер за изградба на дистрибутивната мрежа, почитувајќи ги законите и штитејќи го јавниот интерес.

Процесот беше јавен токму за да се спречи она што ВМРО-ДПМНЕ денес се обидува да го направи – да додели стратешки проект на фирма која веќе е вклучена во корупција во сличен проект, и без конкуренција и надвор од очите на јавноста да потпишува непотребни меморандуми.

Разликата е кристално јасна: СДСМ инсистираше на законска, транспарентна и конкурентна постапка. ВМРО-ДПМНЕ бега од законот како ѓавол од крст и се обидува преку меморандуми да ги реализира своите зделки во четири очи.

Со тоа што не го негираат фактот дека подготвуваат зделка со компанија вмешана во корупција, ВМРО-ДПМНЕ само потврдува дека нивната единствена цел е лично богатење, а не интерес на граѓаните.

Ги повикуваме уште еднаш да излезат пред јавноста и јасно да кажат: Што му ветиле на инвеститорот за да тој вложи 1 милијарда евра и зошто бегаат од јавен тендер? Секој ден молк е ново признание за криминалот што го подготвуваат“, се наведува во соопштението од СДСМ.

 

Next Post

Во петок и сабота температури до 43 степени

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk