ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Вартоломеј го поддржува нашето членство во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ блокира и копира слогани, партија на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата

June 19, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска во Истанбул оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх. Истовремено на средбата беа разменети мислења за состојбите во регионот поврзани со актуелните случувања во однос на интеграцијата на земјите во Европската Унија, при што Патријархот Вартоломеј нагласи дека го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, кое преку исполнување на критериумите би донело подобар живот, зголемена солидарност и толеранција. 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да покажува на дело дека е партија која не се менува, партија која нема намера ниту пак планира некогаш да се ослободи од насилничката, режимска матрица, велат од СДСМ. Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски или блокира или копира слогани и концепти од СДСМ, но со сигурност останува на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Еден од најфрекфрентните тротоари во Тетово долж улицата “Борис Кидрич# откако е изграден пред околу половина век, оставен е на забот на времето. Целосно е руиниран, дел од поставените коцки ги нема, дел искршени, пред неколку децении некаде закрпен, но никогаш целосно обновен. Коловозот „Борис Кидрич“ и тротоарот како да се заборавени од властите. Освен што се руинирани, таму и ретко се одржува хигиена, а според фотографии и видеото тука одамна не поминале тетовските комуналци, особено на тротарот каде има наталожено разновиден смет.

За првпат после 70 години се реализираше комплетна обнова на внатрешните простории во ЗД д-р Хаим Абраванел во Битола. Овој проект опфаќа комплетна обнова на внатрешните простории, ходниците, работните простории, педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија и делот кадешто се чуваат вакцините од редовниот календар.

Времето до крајот на денов наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови врнежите насекаде ќе престанат, а во текот на ноќта облачноста ќе се намалува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

М. Миткоска

Next Post

И покрај пандемијата, во 2020 година раселени повеќе од 82 милиони луѓе низ светот

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk