Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска во Истанбул оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх. Истовремено на средбата беа разменети мислења за состојбите во регионот поврзани со актуелните случувања во однос на интеграцијата на земјите во Европската Унија, при што Патријархот Вартоломеј нагласи дека го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, кое преку исполнување на критериумите би донело подобар живот, зголемена солидарност и толеранција.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да покажува на дело дека е партија која не се менува, партија која нема намера ниту пак планира некогаш да се ослободи од насилничката, режимска матрица, велат од СДСМ. Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски или блокира или копира слогани и концепти од СДСМ, но со сигурност останува на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.
Еден од најфрекфрентните тротоари во Тетово долж улицата “Борис Кидрич# откако е изграден пред околу половина век, оставен е на забот на времето. Целосно е руиниран, дел од поставените коцки ги нема, дел искршени, пред неколку децении некаде закрпен, но никогаш целосно обновен. Коловозот „Борис Кидрич“ и тротоарот како да се заборавени од властите. Освен што се руинирани, таму и ретко се одржува хигиена, а според фотографии и видеото тука одамна не поминале тетовските комуналци, особено на тротарот каде има наталожено разновиден смет.
За првпат после 70 години се реализираше комплетна обнова на внатрешните простории во ЗД д-р Хаим Абраванел во Битола. Овој проект опфаќа комплетна обнова на внатрешните простории, ходниците, работните простории, педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија и делот кадешто се чуваат вакцините од редовниот календар.
Времето до крајот на денов наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови врнежите насекаде ќе престанат, а во текот на ноќта облачноста ќе се намалува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
М. Миткоска