ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рециклажни центри во Скопје ќе има во секоја општина за да се зголеми процентот на селекција на отпад

June 21, 2021 14:00
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје Абдусамед Шабани денеска најави дека размислуваат во иднина да отворат по еден рециклажен двор во секоја од 10-те скопски општини и возниот парк да го лоцираат во овие рециклажни центри. Тој заедно со скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска ги промовираа петте нови специјални возила – камиони за собирање и транспорт на комунален отпад, пренесува МЕТА.мк.

„Ние во моментов имаме два рециклажни дворови, тоа се Карпош и Вардариште, но не ја исклучуваме можноста во иднина да инвестираме во рециклажните дворови за во секоја општина да има по еден рециклажен двор“, изјави директорот Шабани.

Инаку, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје лани успеала да изврши селекција на само 483,39 тони комунален отпад од вкупно собраните 158.476 тони. Ова значи дека бил селектиран само 0,3 отсто од собраниот комунален отпад во главниот град, иако скопскиот регион со години наназад е убедливо на првата позицијата според количеството на создаден и собран комунален отпад на ниво на целата земја.

Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје на почетокот на годинава за „Мета.мк“ изјавија дека селектирањето и балирањето на сувата фракција на отпадот не се финансиски исплатливи за нивното јавно претпријатие, при што овие активности се реализираат исклучиво во насока на заштита на животната средина преку намалување на количеството отпад што завршува на депониите.

Поради недоволната селекција, најголем дел од создадениот комунален отпад во Скопје завршува на депонијата „Дрисла“ како депониран отпад којшто не се искористува понатаму за рециклирање (хартија, пластика, метал, лименки, стакло, дрво) или за компостирање (органски отпад). На национално ниво, со години наназад степенот на неселектиран отпад што е собран во општините се движи од 83,4 до 89 отсто, што значи дека селекцијата на отпадот не функционира доволно ниту кај граѓаните, ниту во делот на секундарната селекција кај јавните комунални претпријатија.

Најавеното отворање на рециклажни дворови во секоја скопска општина може да го зголеми процентот на селекција на комуналниот отпад, при што од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје веќе најавија дека постојниот пилот-проект за примарна селекција на отпадот во населбата Влае во иднина треба да се прошири на целата територија на Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Бесими: Владата останува на проекциите за раст на БДП и инфлацијата предвиени во ребалансот на Буџетот

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk