ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Блокадата на Северна Македонија е проблем и на ЕУ

June 23, 2021 13:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Навистина е важно да видиме остварување на ветувањето за европерспективите на регионот дадено во Солун. Ова е проблем на ЕУ и оваа блокада не се однесува само за иднината на С Македонија туку и на иднината на ЕУ во Западен Балкан, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панел на Првиот економски форум Скопје.

-Ветувањето што Европа го даде на Балканот се случи во Солун во 2003 г, беше потврдено во Софија на самитот на ЕУ за Западен Балкан и годинава во Љубљана. Како вицепремиер станува се потешко да им зборувам на луѓето, на граѓаните дека ова е можно. Овој регион е опкружен со земји кои економски, политички, историски и кулурно припаѓаат на Европа и навистина е важно да видиме конкретни одлуки и движења во поддршка на остварување на ветувањето дадено во Солун. Немаме алтернатиовно решение освен да станеме функционална европска демократија која што е проследена со економски просперитет. Ќе продолжиме со реформите бидејќи ги правиме за нас, но процесот на пристапување ќе ни помогне да го направиме тоа подобро. Без разлика дали ќе почнеме со пристапните прегооври нашиот пат е јасен – ќе работиме кон градење на европска демократија, рече Димитров коментирајќи го неуспехот на  ЕУ вчера повторно да испорача почеток на преговори за С Македонија и Албанија и колку е можно годинава земјата да почне преговори.

Тој посочи дека оваа блокада на евроинетргцијата на земјата е проблем и за самата ЕУ.

–Но, исто така е важно и сфаќам дека толку многу министри јавно сега кажуваат дека е ова прашање, проблем за самата ЕУ. На некој начин оваа блокада не се однесува само на иднината на Северна Македонија во ЕУ, туку и иднината на ЕУ во Западен Балкан, заедно сме тука. Или нема да успееме секаде вклучително и со соседите во Бугарија или ќе победиме сите. Сторивме се што можевме. Ние сме отворени, ние сме искрени и веруваме дека европското решение заедно со европските вредности е можно.  Кога ова се случува треба да бидеме позитивно изненадени. Ние имаме одговорност кон нашиот народ, кон нашите народи да го заштитиме бидејќи кога луѓето поминуваат низ момент на надеж, а потоа се разочаруваат и тоа се повторува од 18 јуни 2018 година на секои шест месеци тоа не е здраво за нацијата, порача Димитров.

Гашпер Довжан, државниот секретар во МНР на Словенија, во онлајн обраќањето најави дека претстојното словенечко претседателство со ЕУ во втората половина на годинава ќе биде фокусирано на регионот и ќе се базира на три столба.

Првиот столб е продолжување на процесот на проширување на ЕУ, старт на преговорите со Северна Македонија и со Албанија и отворање нови поглавја со Србија и со Црна Гора. Довжан истакна дека португалското претседателство направило многу и оти е убеден оти Слоенија ќе успее да придонесе за исполнување на целите, особено за отворање на преговорите со С Македонија и Албанија.

Вториот столб на словенечкото претседателство со ЕУ ќе биде спроведување на економскиот инвестициски план и отворање преспективи за младите, економска сработка во регионот и заеднички регионален пазар.

Третиот столб ќе биде создавање платформа за изнаоѓање решенија за отворените прашања во регионот, бидејќи, посочи Довжан, поголемата соработка ќе значи и поголема стабилност на регионот.

извор: МИА

Next Post

Гир: Сите сакаме отворање на преговорите што е можно побрзо, но мора да останеме со чисти глави

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk