ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Максимално сме посветени на создавање на солидарно, правично и општество за сите граѓани

June 24, 2021 14:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градењето домови за оние кои се соочуваат со потешкотии, е една од најхуманите акции кои можат да се направат, изјави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи за време на настанот на граѓанската организација „Habitat for Humanity“, при кој беа посетени новите објекти со вкупно 48 станови за домување на лица во социјален ризик во Велес.

– Сакам да се заблагодарам на „Habitat for Humanity“, кои изградија шест станбени објекти во Велес, со што се овозможува дом за повеќе семејства со ниски примања. Дополнителна вредност, е тоа што овие домови се енергетско ефикасни, нагласи вицепремиерот Битиќи.

Подржувајќи ја визијата на организацијата „Habitat for Humanity“ за свет во кој секој еден има право на пристојно место за живот, вицепремиерот посочи дека имањето сопствен дом е една од базичните потреби на секој човек за да чувствува сигурност и да може да придонесува за општеството.

Како што соопшти Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, за време на настанот, во согласност со традицијата на „Habitat for Humanity“, вицепремиерот Битиќи, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска, потпретседателот на „Habitat for Humanity International“ за Европа, Блискиот Исток и Африка, Ричард Хатавеј и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски учествуваа во волонтерска акција за градежни активности на шестиот станбен објект во населбата на оваа хуманитарна организација.

Битиќи, при тоа, посочи дека Владата е посветена на адаптацијата на климатските промени и на подобрување на енергетската ефикасност, преку секојдневни активности, стратегии и планирање, со кои се унапредува нашата земја и се создава зелена иднина за сите.

– Во моментот се работи на развој на повеќе стратешки документи, како што се Националниот план за адаптација на климатски промени, Националниот просторен план и Националната развојна стратегија, рече Битиќи, додавајќи дека со овие стратешки документи ќе се овозможи попредвидливо опкружување, одржлива економија и општество кое ќе се грижи за сите граѓани.

Вицепремиерот се осврна и на активностите на Владата за изградба на домови за социјално загрозени категории на граѓани, при што информираше за текот на активностите на Проектот за домување на социјално ранливите групи, кој се спроведува преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката во координација со министерствата за транспорт и врски и за финансии.

– Преку овој проект, кој започна уште во 2009 година, а за кој се планирани 50,7 милиони евра, планирана е изградба на 32 станбени објекти со вкупно 1725 станови. Планираните објекти се наоѓаат на целата територија на нашата земја, што претставува настојување на државата за порамномерен просторен развој. Досега се завршени 842 стана и истите се вселени, а од нив 164 се завршени во последните три години, истакна вицепремиерот Битиќи.

Тој потсети дека во завршна фаза се 132 станбени единици и тоа 36 во Виница 36 и по 48 во Свети Николе и во Пробиштип, а во фаза на изградба се 506 станови, од кои 29 се во Велес, 312 во Скопје, 52 во Гевгелија, 16 во Демир Капија, 35 во Кочани и 62 во Неготино.

– Во текот на наредниот месец очекуваме да се отпочнеме со изградба на дополнителни 142 стана. Во тек е и проектирање на објекти во Штип и Прилеп со севкупно 103 станбени единици и истите ќе отпочнат со изградба до крајот на годината, со што ќе се заокружи целиот Проект. Максимално сме посветени на изградба на солидарно, правично и општество за сите граѓани, додаде вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при посетата на шесте нови објекти за домување, изградени од „Habitat for Humanity“ во Велес.

извор: МИА
Next Post

Димковска во „Прво лице еднина“: Создававме убави сништа од моите кошмари и си ветивме да не се откажуваме од ниедна борба

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk