ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Холандскиот премиер Руте: Поради законот за ЛГБТИ, Унгарија нема што повеќе да бара во ЕУ

June 24, 2021 19:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Холандскиот премиер Марк Руте денеска, по пристигнувањето на седницата на Европскиот совет во Брисел, изјави дека Унгарија, „со својот закон според кој се дискриминира ЛГБТИ заедницата, нема што повеќе да бара во Европската унија“.

„За мене тие (Унгарците) веќе нема што да прават во ЕУ, но јас не одлучувам сам. Има уште 26 земји“, рече Руте и додаде дека ЕУ е „заедница на вредности“.

Унгарија на 15 јуни го усвои предлог-законот за забрана на „промовирање“ на хомосексуалноста кај малолетните лица, предизвикувајќи загриженост на активистите за човекови права, во услови на зголемени ограничувања наметнати од конзервативната влада на премиерот Виктор Орбан кон ЛГБТИ заедницата. Амандманот на законот е усвоен со 157 гласа, вклучувајќи ги и од владеачката партија Фидес, на Виктор Орбан, на седницата што директно беше емитувана на телевизија.

Опозицијата го бојкотираше гласањето, освен крајно десничарската партија Joбик, која му се спротивставува на Орбан, но гласаше за забраната.

Илјадници лица излегоа на улиците на Будимпешта во знак на протест против „континуираната пропаганда“ на владата против ЛГБТИ заедницата.

„Порнографијата и содржината што ја прикажуваат сексуалноста или промовираат девијации на идентитетот од овој вид, промена на полот и хомосексуалноста, не смеат да бидат ставени на располагање на лица на возраст под 18 години“, се наведува во документот, додавајќи дека тој има за цел да ги „заштити правата на децата“.

Во пракса, тоа ќе значи дека веќе нема да бидат дозволени едукативни програми или реклами кои изразуваат поддршка за сексуалните малцинства, како што е оној на Кока-Кола, што претставува неколку мажи, кои во 2019 година предизвикаа повици за бојкот. Ниту, пак, книгите што ја промовираат хомосексуалноста.

Лидерите на 16-те земји-членки на ЕУ, во пресрет на самитот во Брисел, денеска апелираа да се почитуваат „основните вредности“ на Унијата.

Белгискиот премиер Александар де Кро унгарската легислатива ја нарече „ретардиран закон“. Носејќи носејќи налепница со знаме на виножитото на блејзерот, Де Кро рече: „Да бидеме јасни, унгарскиот закон е ретардиран закон. Тој ги дискриминира луѓето врз основа на тоа што сакаат да бидат“, рече тој, повикувајќи се на унгарската мерка со која се забранува прикажување на хомосексуалноста кај малолетници.

„Европа е клуб со правила“, рече Де Кро, каде земјите не можат да добијат пари од ЕУ, а ги игнорираат правилата поврзани со неа. „Треба да бидеме јасни“, додаде тој. „Тука тие отидоа предалеку“.

Францускиот претседател Емануел Макрон беше малку помек во реториката, велејќи дека лидерите треба да имаат „искрена и цврста“ дискусија за европските вредности „кои се наша основа“ и „се засноваат на достоинството на секоја личност и борбата против дискриминацијата и не покажуваат слабост кон оние што го загрозуваат владеењето законот“.

Тој додаде дека иако го почитува суверенитетот на Унгарија „законот како што е предложен не е во согласност со нашите вредности и што е Европа“ и дека се надева дека дискусијата на лидерите ќе го наведе унгарскиот лидер Виктор Орбан самиот да го измени текстот.

Макрон исто така рече дека очекува европските институции „во името на сите нас и во името на нашите принципи“ да ги преземат очекуваните законски чекори кон Унгарија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го бранеше законот.

„Ние немаме таков закон. Имаме закон за одбрана на правата на децата и родителите“, им рече Орбан на новинарите при пристигнувањето на самитот на Европскиот совет. Тој додаде дека „веднаш одговорил“ на писмото на 17 лидери на ЕУ кои потпишаа писмо за правата на ЛГБТК+ објавено во четвртокот.

J. Ѓ.

Next Post

Заев: Извештајот на УНЕСКО за Охридското езеро треба да се прими како силен аларм за состојбата, ќе продолжиме понатаму со сите активности

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk