Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев, денеска во Клубор на пратеници го потпишаа новиот Колективен договор на Министерството за внатрешни работи, кој претставува производ од меѓусебните разговори и дијалог.
Градењето домови за оние кои се соочуваат со потешкотии, е една од најхуманите акции кои можат да се направат, изјави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи
Премиерот Зоран Заев оствари средба со поранешниот градоначалник на Солун, политичар и бизнисмен Јанис Бутарис, на која, како што се вели во соопштенито од владината Прес-служба, било истакнато дека од огромна важност е взаемната соработка и поддршка меѓу Северна Македонија и Грција на градење на заеднички капацитети за пристап и користење на фондовите на ЕУ, особено на оние кои се однесуваат на регионалната соработка.
Министерството за труд и социјална политика и Светска банка во Северна Македонија ќе продолжат интензивно да соработуваат во делот на унапредувањето на социјалната заштита, зголемување на вработливоста на ранливите групи граѓани, особено на жените, но и на градење на човечки капитал како суштествен елемент за напредок на едно општество.
Се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник започнуваме повторно со подготовка на издавање на сите документи, кои што ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.
Под мотото „Зад отворени врати“, во Битола, се одржува 22 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. Во официјална конкуренција се 10 македонски монодрами од врвни авторски имиња, Достоевски, Гогољ, Чехов, со кои актерите од целата држава ќе се натпреваруваат за трите награди, најдобар, актер, режија и Гран при на фестивалот.