ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Филипче од Прилеп: Го зголемуваме животниот стандард на граѓаните

June 25, 2021 23:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Попладнево, потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче се сретна и разговараше со граѓаните на Прилеп. Потпретседателот истакна дека СДСМ партнерски со граѓаните ја креира најдобрата програмска понуда, отворено разговара и го слуша гласот на народот.

– Го зголемуваме животниот стандард на граѓаните, на работниците, во сите сектори, вклучително и во здравството. За тоа говори и нашата последна мерка. Започнувајќи од септември на медицинските сестри и техничарите ќе им биде платено високото образование во коешто инвестирале, а од 2015 наваму не се во можност да го валоризираат преку својата плата.Со ова токму СДСМ надминува една неправда кон медицинските лица. Ги надградивме здравствените капацитети и ги подобривме условите, во сред пандемија направивме 17 ковид центри низ државата, кои понудија грижа за сите. Соодветно одговоривме на најголемиот предизвик во менаџирање на кризата за да го заштитме здравјето на граѓаните, истакна Филипче.

Зборувајќи за политиките на СДСМ, Филипче додаде дека зголемувањето на платите е дел од социјалдемократскиот модел за подобар животен стандард.

– Ги зголемивме примањата на здравствените работници, но и на вработените во полицијата, во градинките, во училиштата, во индустријата. Ја зголемивме социјалната помош за рекордни 300 проценти и го вративме достоинствениот живот на стечајните работници. Инвестираме во земјоделството, но и во екологијата, подеднакво да се развиваат сите сектори, порача од Прилеп потпретседателот Филипче.

Потпретседателот на СДСМ на маалска средба со граѓаните на Прилеп рече дека СДСМ е отворена за граѓаните и нивните предлози и заедно со нив ја испишува и програмската понуда за наредните локални избори.

– Тука сме да го слушнеме вашиот глас и вашите сугестии и забелешки. Тоа е најдоброто, заедно го создаваме. Заедно креираме политики како одговор на вашите потреби. Подготвени сме да понудиме најдобри решенија и најдобра понуда за локалните избори, истакна Филипче./МИА/.

Next Post

Пуштено во употреба реконструираното игралиште во спортскиот комплекс Соколана Куманово

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk