ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Илјадници Палестинци протестираа против претседателот Абас на погребот на негов политички критичар

June 25, 2021 19:30
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На погребот на познат активист, противник на палестинските лидери, кој почина за време на апсење, илјадници Палестинци денеска повторно побараа отстранување од власта на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Илјадници Палестинци го следеа ковчегот на Низар Банат низ градот Хеброн, на Западниот брег, а некои извикуваа „луѓето сакаат режимот да падне“ и „Абас заминувај“.

Некои од нив носеа палестински знамиња, а други знамето на Хамас, исламистичкото движење од Газа, кое се спротивставува на политиката на Абас.

Демонстрантите се собраа и во Рамала и во близина на џамијата Ал-Акса во Ерусалим.

Семејството Банат тврди дека силите на палестинските власти вчераутро упаднале во неговата куќа и почнале да го удираат со метална шипка, пред да го уапсат. Банат притоа се здобил со повреди на главата, соопшти Независниот комитет за човекови права на палестинските власти, по обдукцијата.

Палестинските власти најавија истрага, но не одговорија на наводите за третманот на активистот. Гувернерот на Хеброн, Џибрин Ал-Бакри изјави дека Банат починал откако здравјето му се „влошило“ при апсењето.

Популарноста на Абас стрмоглаво опадна откако овој денеска 85-годишен политичар стана претседател во 2005 година. Со Палестинската самоуправа со декрет тој владее повеќе од една деценија.

Починатиот Банат беше 43-годишен активист кој го обвини Абас за корупција и го прозва за одложување на изборите, првично закажани за мај, на кои тој сакаѓе да биде кандидат за парламентот.

Организациите за човекови права велат дека Абас често пати ги апси неговите критичари, а „Хјуман рајтс воч“ соопшти дека апсењето на Банат „не е исклучок“.

САД, Обединетите нации и Европската унија ги повикаа палестинските власти да спроведат „транспарентна“ истрага за смртта на Банат.

Хамас, движењето кое е на власт во Газа, ги повика Палестинците да се побунат и „конечно да стават крај на раширените повреди на слободата и правата на палестинскиот народ од страна на палестинската самоуправа“./МИА/.

Next Post
Фото: МИА

Османи: Обврски не се преземени, во Софија се разговараше за идеи како да се надминат разликите

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk