ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Очекуваме враќање на сите ученици во училиштата, но подготвени сме и за уште две други сценарија

June 28, 2021 12:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Системот на образование е подготвен за три сценарија за новата учебна година –  целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно здравствени протоколи и доколку биде стабилна епидемиолошката состојба. Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека тоа е најдоброто и најпосакувано сценарио кај сите во Владата.

-За тоа ќе одлучува Комисијата за заразни болести, но сите очекуваме состојбата во летниот период и во септември биде добра и затоа очекуваме ова сценарио да биде спроведливо, рече денеска Царовска, но МОН е подготвено и за две други –  второ сценарио според кое наставата ќе биде како и во 2020/2021 – дел со физичко присуство и дел на онлајн-настава, и трето сценарио – во не многу критична состојба, поделба во групи односно ротирање на учениците на една недела за физичко присуство во училиштата за да нема нивно целосно затворање.

– За трите сценарија, МОН заедно со локалните самоуправи и директорите ќе биде подготвено на 1 септември. Но сите ние очекуваме и сакаме 1 септември да го почнеме со сите ученици во клупи, секако согласно здравствени протоколи, но значајно е наставата да се одвива во училниците, изјави Царовска и соопшти дека МОН презентирал материјал за кој се дискутирало денеска на состанок на Главниот координатовен штаб.

На новинарски прашања при отворање спортска сала во ОУ „Јоаким Крчоски“ во Волково, Царовска одговори и дека одложеното доделување на свидетелствата е во рамки на законските рокови зашто крајот на учебната година е 31 август.

Посочи дека надлежно за документи од педагошката евиденција е Бирото за развој на образованието кое, како што рече, има обврска до крајот на учебната година (31 август) да ги додели свидетелствата.

-Сметам дека тие се целосно во своите рокови. Исто и минатата година имаа одлука да ги доделат на крајот од учебната година и таква одлука донеле и овојпат, рече министерката за образование и наука, подвлекувајќи дека свидетелствата секако ќе ги добијат учениците кои треба да се запишат во средно училиште и на факултет, односно полуматурантите и матурантите.

Next Post

Владата дала насоки да се види можноста за набавка на одреден процент еколошки возила на објавениот тендер

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk