ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зорчиќ: Билатерални прашања не треба да бидат пречка на патот кон интегрирање на Северна Македонија во ЕУ

June 28, 2021 15:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одредени билатерални прашања не треба да бидат пречка на патот кон целосно интегрирање на Северна Македонија во ЕУ, рече денеска претседателот на Националното собрание на Словенија, Игор Зорчиќ на средбата со неговиот македонски колега Талат Џафери во Брисел.

Зорчиќ истакна дека Словенија го поддржува членството на земјава во ЕУ, при тоа осврнувајќи се на на компромисното решение на неговата држава за непопречување и неблокирање на евроинтеграивниот пат на Хрватска, односно на решавање на билатералните прашања како паралелен процес на пристапувањето кон Европската унија.

На средбата која се одржа на маргините на Самитот на претседатели на парламенти „Европски парламент – Западен Балкан“, Џафери искажа благодарност за континуираната поддршка што земјава ја добива од Словенија во евроинтегративниот процес. Притоа подвлече дека Европската унија не е комплетна без целосно интегрирање на сите држави од Западен Балкан.

Џафери ја истакна одличната соработка со претставникот на Словенија во Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, како и соработката во насока на справување со бегалската криза и КОВИД – 19 пандемијата.

– Со Република Словенија немаме отворени прашања, соработката на сите нивоа е задоволителна, но постои простор за унапредување на соработката особено во сферата на економијата, културата и туризмот. Пандемијата со КОВИД – 19 несомнено ја обремени и забави директната билатерлна комуникација, но целосната имунизација полека, но сигурно придонесува за враќање на процесите во нормална динамика, рече Џафери.

Соговорниците се согласија дека ваков формат на комуникација на ниво на претседатели на парламенти е особено полезен особено доколку ваквите самити се одржуваат во европските институции, затшто, оценија, претставуваат дополнителен индикатор дека ЕУ јасно покажува интерес кон земјите од Западен Балкан, како и дека прашањето на проширувањето е високо на агендата на ЕУ.

Република Словенија го презема претседателството со Советот на Европа во втората половина на 2021 година.

Next Post

На 13 јули официјално започнува постапката за чистење на малата депонија во ОХИС

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk