ВМРО-ДПМНЕ со својата досегашна пракса гласаше против потребата од скратена постапка за намалување на ДДВ за струјата, мерка која граѓаните ја очекуваа за да се олесни семејниот буџет особено во периодот по пандемијата.
Според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година . Според Владата, целта беше да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата, но сега овие измени се одлагаат а граѓните се соочуваат со повисоки сметки. Според последната одлука на РКЕ, струјата поскапува за 12,36%, но тоа нема да го почувствуваат граѓаните на месечните сметки за електрична енергија бидејќи ДДВ-то ќе се намали од 18 на 5%. Ова беше последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), но со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ гласаше против измените целата ситуација станува неизвесна за граѓаните.
-Зголемувањето на цената на електричната енергија без ДДВ од 18 на 5% ќе биде 12,36%, а со компензацијата од ДДВ остана простор за да има незначително намалување на крајните сметки на граѓаните, потврди Марко Бислимоски, претседател на РКЕ. Тој смета дека намалувањето на ДДВ е добро решение, но неопходeн е системски одговор – да се прошири опфатот на ранливи категории кои ќе добиваат субвенции за сметките за електрична енергија.
Д. Е.