Неколку дена после Парадата на гордоста одржана во Скопје, стотици антигеј корисници на социјалната мрежа Фејсбук, се пожалиле на необични сексуални симптоми. Имено, тие се жалат дека се заразиле со „хомосексуален вирус“ откако гледале фотографии и видео содржини од Парадата во Скопје пласирани на социјалната мрежа. Во изјава за АХА, Џон До од Свирипичино, вели дека одма после Парадата добил сексуални нагон кон истиот пол.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ незначително ќе се намалат, со примена на измените на Законот со кои ДДВ за електрична енергија се намали од 18 на 5 отсто. На одржаната главна седница регулаторите одобрија регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност и снабдување со електрична енергија на потрошувачите, кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје.
Португалскиот предлог се потпира на предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија, параграфот околу македонскиот јазик да остане таков каков што е со чиста формулација – македонски јазик и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Во вакциналните пунктови низ државата од денеска почна да се аплицира вакцината на кинескиот производител „Синовак“, откако истата ги помина сите потребни законски процедури. Вакцинацијата со „Синовак“ се одвива скоро во цела држава, освен во Скопје и Битола, каде имунизацијата со оваа вакцина ќе започне од утре.
Хрватска е една од најголемите поддржувачи на евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Ние сме и благодарни на Хрватска за искрената поддршка и одговорноста за мирен и просперитетен Балкан во обединета Европа. За нас не постои друга одржлива алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија, рече претседателот на државата Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во Загреб.
На моја среќа, моите родители никогаш не ми наметнувале ставови околу политиката. Секогаш сум имала простор сама да ги проценам случувањата и да изградам свој став околу истите. Мојот прв револт околу политичките случувања се случи за време на Шарената револуција. Всушност, тогаш за првпат и напишав колумна. Тоа беше единствениот начин на којшто можев да го изразам својот револт дури студирав во Словенија, а во мојата татковина се случување куршлуз…Ќе следиш политика и оро ќе играш, пишува БИЛЈАНА АРСОСКА.
М. Миткоска





