Германскиот државен секретар за Европа Мајкл Рот денеска нагласи дека е крајно време да се отворат преговори со Албанија и Северна Македонија и дека е потребно да се забрза процесот на европска интеграција .
Со прогласувањето на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, односно за национален парк, нашата држава го добива четвртиот национален парк и прв од прогласувањето на независноста, со што вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2 отсто од севкупната територија на Северна Македонија, напиша попладнево на Фејсбук премиерот Зоран Заев.
Министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва за МИА ги коментираше последните случувања околу содржината на португалскиот предлог за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, и додаде дека неговата државна секретарка згрешила, јави дописничката на МИА од Брисел.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ги прими Драган Начевски, претседател на Судиската комисија при Европската ракометна федерација и Филип Милошевски, генералниот секретар на Ракометната федерација, придружувани од Димитар Митревски, меѓународен ракометен судија и Менде Илиевски, кандидат за меѓународен ракометен судија.
Можноста за унапредување на соработката е една од темите на кои на денешната работна средба разговарале заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и амбасадорката на Република Естонија, Кристи Карелсон.





