ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Младите преку градење пријателства го придвижуваат Западен Балкан кон европското семејство

July 1, 2021 11:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поврзувањето на младите од регионот создава синергија која го забрзува процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската унија. Затоа, како претставници на институциите на системот треба да им помогнеме што повеќе меѓусебно да комуницираат, да воспоставуваат пријателства, да градат партнерства и да разменуваат позитивни практики и искуства, бидејќи тоа значи придонес во јакнењето за регионот и негова поголема конкурентност во глобални размери.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во своето обраќање на форумот посветен на младите и нивната способност да ги придвижуваат општествата напред, кој денес се одржува во Отешево, Преспа, а учествуваат претставници од повеќе земји.

„Една од вредностите на кои ги учиме младите во нашата земја, а која особено доаѓа до израз во последните неколку години кога постигнавме значајни успеси на домашен и меѓународен план е дека само преку активизам и нивно единство во границите на својата земја, но и преку градење на пријателства и партнерства со младите од соседството, од регионот и воопшто светот,  можат да ги постигнуваат личните цели и постојано да поставуваат уште повисоки, а со тоа и да помагаат на државата да оди напред“, рече Царовска, нагласувајќи дека според нејзиното неколкугодишно искуство од работата со млади, видливи се промените во начинот на размислување и однесување кај нив и дека тие сé повеќе сакаат да соработуваат со врсници од други земји.

„Младите знаат дека преку личен активизам и преку ширење на контакти и комуникации, побрзо се напредува и се остваруваат личните цели. Затоа, ние возрасните да им помогнеме преку сите начини, канали, средства и алатки кои ни се на располагање, повеќе и побрзо меѓусебно да се конектираат. Така ќе придонесеме и побрзо да созреат, да станат достојни за преземање на улогите кои ние сега ги извршуваме и да ги надминат позитивните резултати и успеси кои ги постигнавме“, потенцираше министерката.

Младинскиот форум на кој покрај министерката Царовска, учествуваа и амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, министерката за образование на Р. Албанија Евис Куши, пратеникот Дарко Каевски, поранешниот министер за образование и пратеник Арбер Адеми и други претставници е дел од неколкудневниот настан „Преспа Форум Дијалог“ што од вчера се одржува од охридско – преспанскиот регион во организација на македонското Министерство за надворешни работи.

Идејата на „Преспа Форум Дијалог“ е продлабочување на соработката и размена на позитивни практики и искуства помеѓу земјите од Западен Балкан во повеќе области, вклучително и преку младинскиот активизам, а со цел јакнење на регионот и негова целосна интеграција во европското семејство

Next Post

Меси стана слободен агент, неговиот договор со Барселона истече

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk