ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски ќе се обрати на деловна средба на македонски и хрватски стопанственици

July 1, 2021 09:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Можностите за зголемување на меѓусебните инвестиции и за интензивирање на економската соработка, ќе бидат во фукусот на денешната билатерална деловна средба во Загреб на македонски и хрватски стопанственици, на вториот ден од официјалната посета на Хрватска на претседателот Стево Пендаровски.

Во македонската бизнис делегација се стопанственици од Сојузот на стопански комори, а на средбата,  организирана со Хрватската трговска комора, ќе се обрати и претседателот Пенадровски.

Директните инвестиции од Хрватска во земјава во 2020 година прикажуват одлив од 0,76 милиони евра. Анализирајќи го периодот од 2010 до 2020 година се забележува дека најголеми инвестиции се направени во 2011 година од осум милиони евра, покажуваат податоците на Стопанската комора на Македонија.

Вкупната трговска размена меѓу двете држави  во периодот јануари-април годинава, изнесува 69,9 милиони долари, што претставува раст од 15,42 проценти во однос на истиот период од претходната година. Остварен е извоз од 36,1 милиони долари (раст од 18,02 проценти), додека увозното салдо изнесува 33,7 милиони долари (раст од 12,77 проценти), споредено со истиот период од 2020 година. Во вкупната надворешно-трговска размена е остварен е трговски суфицит од 2,3 милиони долари.

Хрватска е наш 21-ви трговски партнер за периодот јануари-април 2021 година, а 20-ти во 2020 година, кога размената достигна 199 милиони долари,  што е раст од 12,54 проценти во однос на претходната 2019 година, но со трговски дефицит од 13,2 милиони долари.

Со учеството на деловната средба, Пендаровски ја заокружува дводневната посета на Хрватска. Тој вчера имаше средби со неговиот домаќин, претседателот Зоран Милановиќ, како и со премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ.

Next Post

Околу 300 учесници, високи претставници од Европа и САД и над сто новинари на Првата меѓународна конференција во рамки на Преспа форумот за дијалог

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk