ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Вложуваме во рамномерен регионален развој, во општини во служба на граѓаните

July 2, 2021 19:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, имаше работна средба со градоначалникот на општината Крива Паланка,  Борјанчо Мицевски, на којашто беа презентирани тековните и идните проекти на општината, како и задолженијата за општините што произлегуваат од Планот за борба против корупција.

Вицепремиерот Николовски, посочи дека Владата континуирано вложува во рамномерниот регионален развој и јакнење на инфраструктурата во секоја општина од државата, со единствена цел- подобрување на условите за живот на граѓаните на локално ниво.  Општина Крива Паланка е една од општините опфатена со 23-те проекти преку ТАВ програмата, која што предвидува проекти за инвестиции во локалната патна инфраструктура,  водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки, училишта, спортски објекти, здравствени установи и друго. Николовски посочи дека денеска се одобрени дополнителни 5 милиони денари грант за реконструкција на плоштадот во Крива Паланка, со што вкупната инвестиција изнесува 48 милиони евра, грант од Светска банка.

„Со дополнително учество на општината целосниот проект за плоштадот во Крива Паланка треба да биде завршен до 30-ти август и претставува еден од најкрупните капитални проекти за градот и за жителите во Крива Поаланка. Преку програмите на Министерството за локална самоуправа се одобрија проекти за реконструкција на Домот на култура во Крива Паланка во вредност од над 4,1 милиони денари. Со близу 1,6 милиони денари започнува и реконструкцијата на фасадата на Градскиот Музеј овде во Крива Паланка, која последен пат е реновирана пред 13 години“, изјави вицепремиерот Николовски, додавајќи дека паралелно се врши  доградба на детската градинка Детелинка, преку Министерството за транспорт и врски а со грант од Светска банка ќе се започне со изградба и реконструкција на патот до Градските гробишта, а преку три проекти финансирани од Светска банка се изведува изградбата на минор коритото на Крива Река.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Мицевски, изјави дека сите овие проекти ќе влијаат врз подобрување на условите за живот во општината.

„Се реализираат многу проекти и во руралните средини од општината и се тоа е благодарение на добрата соработка, која што ја имаме и покажавме како треба да дејствуваат во спрега централната со локалната власт. Благодарност за се она што досега Владата има направено за Крива Паланка и за регионот во целина затоа што ваков градежен бум во изминатите години жителите не паметат“, изјави градоначалникот Мицевски.

Во рамки на посетата на Крива Паланка, вицепремиерот Николовски и градоначалникот Мицевски разговараа и за постапувањата во однос на задолженијата што произлегуваат од Планот за борба против корупција.

Општина Крива Паланка, досега има подготвено годишна антикорупциска програма која содржи мерки за превенција и сузбивање на коруптивни дејстваија, и е единствена општина која има подготвено и Акциски план за реализација на оваа програма. Во фаза на објава се и интерните процедури за јавни набавки, кои општината ги има подготвено, а кои се важни за квалитетни и транспарентни јавни набавки. Според последните рангирања, оваа општина е квалификувана со високо ниво на транспарентност.

Next Post

Османи на средба со Рикер и Палмер: Одлуката за официјален старт на преговорите со ЕУ не смее повеќе да се одолжува

Shortcut

Најново

International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026
Фото: Скирншот, АП

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk