Десет илјади вакцини на „Астра Зенека“ донација од Хрватска ќе стигнат денеска во земјава, а наредната недела се очекуваат и 10 000 од руските „Спутник“. На пунктовите се аплицираат вакцини од „Фајзер“ и кинеските „Синовак“ и „Синофарм“. Досега вакцина примиле речиси 335 илјади граѓани, а 223 илјади се целосно имунизирани односно со две дози.
Предлогот на португалското претседателство, на кој сега ќе работи Словенија, која од вчера претседава со Европската Унијата е единствениот се уште жив и валиден предлог за решавање на спорот со Бугарија. За прашањето за јазикот и идентитетските атрибути никогаш не е разговарано на билатерална основа и оти тоа прашање единствено го третира предлогот на претседателството.
Во Охрид има висока концентрација на највисоки функционери од целиот Балкан па и од ЕУ и САД. Атмосферата е одлична – луѓето се опуштени. Програмата е многу густа, и тука е можеби единствениот пропуст кој што го направи организаторот. Она што сепак е најважно се оние средби кои се одвиваат вон официјалната агенда – билатерални, мултилатерални.
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид го прими Филип Рикер, вршител на должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања при што било разговарано за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на Република Северна Македонија, за унапредување на односите со САД, за интеграцијата во ЕУ, како и за актуелните состојби во регионот.
Долгогодишното партнерство и поддршката од Соединетите Американски Држави во општествениот и економски развој, како и во евроатланските интеграции се од непроценливо значење за нашата земја во остварувањето на приоритетите, порача министерот за финансии Фатмир Бесими
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска во Охрид се сретна со претседавачот на Советот на Министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија.





