На ГП Богородица денеска се пушти во употреба третата лента за ТМВ за излез од Република Северна Македонија. Ова е во насока на континуираните напори на Царинската управа и царинарница Гевгелија во нејзин состав кои перманентно работат на одржување на постојните и на воведување на нови можности за олеснување и забрзување на царинските постапки и условите за нивно спроведување, со поддршка од информатичка и комуникациска технологија, информираат од Царинскатат управа.
.Оттаму велат дека побрз проток на стоки на граничните премини е од круцијално значење и се обезбедува со координирано гранично управување на Царина и Полиција кои координирано преземаат активности и мерки во согласност со своите надлежности. Во таа насока од страна на Царинската управа беа преземени инфраструктурни адаптации и подготовки: поставување на нова барака, опремување со соодветна ИТ технологија и најважно од се завршување на еден голем инфраструктурен зафат поставување на вага за мерење на ТМВ на излез од Република Северна Македонија.
Со ваквите инфраструктурни подготовки и ставање во функција на сите расположливи човечки потенцијали и ресурси на ГП Богородица се отвори трета лента за ТМВ на излез од Република Северна Македонија со што се обезбеди побрз проток на ТМВ на излез и ефикасна, брза и квалитетна гранична контрола која ги опфаќа работите што се однесуваат на гранични проверки и на граничен надзор, анализа на опасностите по националната безбедност и анализа на заканите кои можат да влијаат на безбедноста на границата, а сè со цел спречување и откривање на кривични дела и прекршоци и откривање и фаќање на нивните сторители, спречување и откривање на илегалната миграција и трговија со луѓе, заштита на животот, здравјето на луѓето, личната сигурност, имотот, животната средина и природата и спречување и откривање на други опасности по јавниот ред, правниот поредок, националната безбедност и меѓу врвните приоритети унапредување на меѓународните односи, нагласуваат од Царинската Управа.







