ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Рама: Ќе продолжиме да правиме се што се бара од нас, но одлуката за ЕУ не зависи од нас

July 2, 2021 14:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе продолжиме да спроведуваме реформи, да исполнуваме критериуми, да правиме се што се бара од нас, но почетокот на преговорите и членството во Европската унија не зависат од нас, порача денеска албанскиот премиер Еди Рама, кој напомена дека европскиот пат е единствениот пат, но сепак одлуките се носат на ниво на Унијата со консензус, а она што во овој момент му преостанува на регионот е да работи на јакнење на меѓусебната соработка.

Рама денеска се обрати на панелот „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан“ на Првата меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог, нагласувајќи дека во моментов не е во толку голем шок од непочнувањето на преговорите, бидејќи тоа не е нова ситуација, се случувала и претходно. ЕУ ја спореди со невеста, а регионот со младоженец, кој организирал совршена свадба, меѓутоа невестата не се појавила и тоа се случило еднаш, два пати…, а потоа веќе реакцијата е поинаква.

– Музиката, која постојано ја слушаме од Европа е дека треба да продолжиме, но не станува збор за тоа дека Албанија и Северна Македонија и другите земји во регионот треба да се спакуваат, да се стават на брод и да се испратат во Европа, станува збор за градење на нашите земји да функционираат како секоја друга земја-членка на Унијата. А потоа дали ќе бидеме дел од ЕУ не зависи од нас, тоа не е во наши раце, не сме ние тие кои одлучуваме за тоа, истакна Рама.

Нагласи дека во овој момент ние како регион може да направиме многу нешта, имаме можност да ја зајакнеме меѓусебната соработка, заедно да притискаме за нештата во регионот да станат подобри, да работиме на подобрување на нашите стопанства, создавање поголем простор на нашите претприемачи, за младите луѓе.

– Затоа што сами и свртени со грб сме мали, но заедно сме во разумна мера доволно големи, порача Рама.

Тој нагласи дека во регионот има нерешени прашања, конфликти, но тие не смеат да го попречуваат напредокот на сите земји. Според Рама, сите во регионот сметаат дека први стапнале на него, Грците, како што рече, мислат дека сите од нив потекнуваат, истото го мислат и Албанците и Македонците и Бугарите, но сите сме тука со векови.

Рама се осврна и на консензусот како механизам на одлучување во ЕУ. – Бугарија не сака и сега никој во ЕУ не оди напред, такво нешто нема да има во соработката меѓу земјите од Западен Балкан и секоја земја може да одлучува за правецот во кој сака да се движи, порача Рама.

Тој потсети дека земјите во регионот влегле во Берлинскиот процес, сите заедно, повикани од „првиот човек на ЕУ“, Ангела Меркел, која ја нарече „папата“, а државите од Западен Балкан „големи верници во ЕУ“.

– Сите сакаме да одиме на аудиенција кај папата, не за да спориме за минатото, туку да видиме како може да ја изградиме заедничка иднина, тоа беше пресврт, доведе до нови нешта, нови развои на настани и постави пречка пред бриселската бриократија, но ние одлучивме да продолжиме понатаму. Тоа што се собравме заедно е одлично нешто, но сега ни треба поттик, ветер во грб, нагласи албанскиот премиер.

Неговата српска колешка, Ана Брнабиќ, осврнувајќи се на регионалната соработка истакна дека земјите од Западен Балкан заедно направиле пресврт од од 360 степени, се појавуваат нови можности за соработка.

– Треба да продолжиме со активностите поврзани со европската интеграција, но треба повеќе да се концентираме на регионалната соработка, на работите што треба да ги направиме заедно за да го зголемиме квалитетот на животот на сите наши граѓани, рече Брнабиќ.

Таа нагласи дека во однос на европската инеграција, што и да направиме, на крајот одлуката останува на секоја земја-членка.

Тоа е сложен процес и станува се покомплициран, како што видовме со примерот на Северна Македонија. Повеќе не се работи за европски вредности, за напредок во клучните области, сега се внесуваат билатерални прашања и тоа не билатерални во вообичаена смисла, туку прашања на јазик, толкување на лингвистика, историја. Тоа се работи за кои навистина не може да извршите никакво влијание, порача српската премиерка.

Брнабиж се осврна и на малцинските права и како што рече двојните стандарди, кои постојат во однос на нив меѓу земјите од Западен Балкан и државите-членки. Србија ја посочи како пример на државата кога станува збор за почитување на националните малцинства и ја означи како една од водечките земји во Европа, во која се почитуваат сите јазици.

– Но, држави членки на ЕУ не признаваат некои од националните малцинства, кои ги имаат во сопствената земја и сега тука се поставува прашањето кој е балансот. Се работи за различни стандарди кои мене не ми се јасни, додаде Брнабиќ.

Косовскиот премиер Албин Курти, пак изрази разочарување поради тоа што Северна Македонија и Албанија не добија зелено светло за почеток на преговори на јунскиот самит на Унијата, нагласувајќи дека како граѓани на земја на која им е ускратена визната либерализација, тие многу добро ја разбираат нашата разочараност.

Но, не смееме да преземаме избрзани одлуки. Да, ЕУ е бавна, и недостига единство, но таа е нашата најдобра надеж и единствената алтернатива што ја имаме, не затоа што немаме избор, туку затоа што природно припаѓаме таму, рече Курти.

Нагласи дека западнобалканската шесторка е дел од Европа, опкружена со земји-членки, државите од регионот, споделуваат заеднички вредности, имаат заедничка историја, војувале во исти војни, а нивните граѓани и стопанства се поврзани.

– Наместо да продолжиме да се чувствуваме фрустрирани од ЕУ, треба да се запрашаме каква иднина сакаме, што правиме ние за да стасаме таму. Самите ние сме далеку од совршени, ако погледнеме кон себе ќе сфатиме дека имаме многу проблеми, порача косовскиот премиер.

извор: МИА
Next Post

ДЗР го објави конечниот ревизорски извештај на Основен буџет на Северна Македонија за 2020 година

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk