ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Заврши Преспа форумот за дијалог, Грција да ги тргне знаците со ФИРОМ, очекува Заев, Богоевски со одговор до Апасиев

July 3, 2021 12:04
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Преспа форум за дијалог: Преговорите со Северна Македонија и Албанија да почнат без одложување, последните одлуки го поткопуваат кредибилитетот на ЕУ.

Павле Богоевски поранешен пратеник и граѓански активист, со одговор до пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, кој на фејсбук објави дека бил запрен од полицаец иако како пратеник имал имунитет.

Треба да се знае повеќе не сме ФИРОМ и ги користиме меѓународните кодови МК или МКД и очекувам и грчката страна да ги тргне тие еден или два знаци каде што пишува ФИРОМ. Не е коректно да го пишува тоа име или пак Скопје, треба да го користат името Северна Македонија, рече Заев во интервју за ТВ21.

Советот на ЕУ мора да најде начин да се одржи меѓувладината конференција со Северна Македонија и Албанија, бидејќи мора да ја искористиме шансата сега, но исто така тоа е и наша обврска. Вашата земја испорача, а и Албанија. исто така, и сега редот е на Европската Унија, вели Кнут Флекенштајн во интервју за МИА.

Имунизацијата во државата против Ковид-19 се одвива непречено, тврдат надлежните и најавуваат дека до следниот петок ќе бидат вакцинирани половина милион граѓани. Од денеска активна е и веб-страницата за ревакцинација на граѓаните кои се вакцинирале во странство, а задутре ќе се разговара за евентуалните нови мерки за заштита на границата, против ширењето на делта сојот на вирусот.

Вежба на Армијата со Црвениот крст – изведување на планински спасувачки операции во случај на планински несреќи

Преку избор на прв јавен оглас, во звање ментор се унапредени 141 наставник од основните училишта, за што веќе се известени кандидатите и раководствата на училиштата. Со ова за првпат, после цела деценија, Министерството за образование и наука, системски ги решава долгогодишните барања на наставниците за можност за кариерен напредок и развој, соопштуваат од МОН.

Со звуците на оригиналната гајда на Пеце што се разлеа по 25 години и со изворниот мелос на уште 160-тина изведувачи од сите краишта, синоќа во центарот на Прилеп почна 47. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција од СВР – Битола на вчера го лишиле од слобода 29-годишниот битолчанец А.Б., поради основано сомнение дека е извршител на тешка кражба од спортска обложувалница во Прилеп.

Пендаровски: Наша обврска е да овозможиме услови за жените и девојките самостојно да носат одлуки за своето тело.

Првото полуфинале е Италија-Шпанија, денеска ќе ја дознаеме втората полуфинална двојка.

Неколку илјади навивачи на Рома го пречекаа денеска во Рим новиот тренер на италијанската екипа Жозе Мурињо.

Ј. Ѓ.

Next Post

Талат и дркаџиите

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk