ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Пендаровски: Наша обврска е да овозможиме услови за жените и девојките самостојно да носат одлуки за своето тело

July 3, 2021 10:07
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Унапредувањето на човековите права, вклучително и правата на жените е предуслов за развојот на секое општество втемелено врз демократски принципи. Мојата земја е поддржувач на прогресивните политики за родова правда и затоа заложбите и обврските во однос на „Телесната автономија, сексуалното и репродуктивно здравје и права“, беа едногласно прифатени.

Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски, кој преку видео-порака се обрати на Форумот за генерациска еднаквост, посветен на унапредување на родовата еднаквост, што се одржува во Париз.

Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, се обрати на панелот на тема „Телесна автономија, сексуално и репродуктивно здравје и права“, при што ги претстави националните заложби на Северна Македонија на овој план.

Според Пендаровски, Форумот за генерациска еднаквост е важен глобален собир за унапредување на родовата еднаквост меѓу мажите и жените и клучен момент за преземање обврски од страна на државите во таа насока.

– Северна Македонија се обврзува до 2026 година да го зголеми сеопфатното сексуално образование, согласно меѓународните стандарди на Обединетите Нации и во таа насока се подготвени тригодишен Акциски план со пилот-проекти и наставна програма за ученици од 13 до 15 годишна возраст. Наша заложба е да го зголемиме опфатот на контрацепцијата од 14 на 20 отсто, преку подобрување на пристапот на девојките и жените до советодавните услуги за планирање на семејството, и пристапот до абортус како основно право на жените, нагласи Пендаровски. 

Шефот на државата нагласи дека се обврзуваме до 2026 година, а го редуцираме бројот на детските бракови на тој начин што ќе ги оспособуваме девојчињата, адолесцентите и жените да носат автономни одлуки за своите тела и во таа насока ќе ги усвоиме неопходните законски измени и конкретни политики и ја посочи зголемената поддршка на автономните феминистички и женски организации. 

– Паралелно со институционалните решенија, не помалку важна е промената на менталитетот кај граѓаните, на колективната свест за родовата правда, преку елиминирање на табуата што се врзуваат за овие сензитивни прашања. Наша обврска е да покажеме политичка волја и преку континуирани, заеднички активности да овозможиме услови за еманципирање на жените и девојките на глобално ниво, рече Пендаровски. 

Според претседателот Пендаровски, за овие прашања не смее да се прават компромиси и да се дозволи каков било вид на дискриминација, а жените и девојките мора да бидат во позиција самостојно да носат одлуки за своето тело, базирани на знаења и информации.

– Северна Македонија е една од првите земји која ги усвои заложбите на Меѓународната конференција за население и развој презентирани на самитот во Најроби. Настојуваме во националните програми и буџети за сексуално и репродуктивно здравје да бидат земени предвид потребите на најранливите и маргинализираните групи, вклучувајќи ги и ЛГБТИ лицата, Ромите, лицата со попреченост, сиромашните, сексуалните работници, изјави Пендаровски.

Нашата држава од ноември 2020 година, како што рече, е партнер во Акциската коалиција за сексуално и репродуктивно здравје и права и преку претставници од ресорните министерства во Владата активно учествува во активностите на оваа Коалиција.

– Во духот на националното мото на Француската Република – Liberté, égalité, fraternité, посакувам и верувам дека овие наши декларирани заложби, ќе бидат успешно остварени, и ќе претставуваат цивилизациска придобивка за идните генерации, порача Пендаровски.

Next Post

Со звуците на оригиналната гајда на Пеце Атанасовски, отворен 47. Фестивал во Прилеп

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk