ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Полицискиот синдикат со реакција до Апасиев: Вашиот вокабулар, а особено непознавањето на пратеничките обврски ја отсликува вашата личност

July 3, 2021 16:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

– Македонскиот Полициски Синдикат најостро реагира на објавата на социјалните мрежи од пратеникот Апасиев кој со неговиот речник и вокабулар воопшто не ја преставува пратеничката функција, се наведува во реакцијата од Македонскиот полициски синдикат.

Тие реагираат на објавата на пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасииев кој на Фејсбук се пожали затоа што бил сопрен од полиција додека се движел со своето возила на пат кон Штип. Притоа, Апасиев, реагирал на сопирањето и на легитимирањето и како што пишува, се повикувал на својот пратенички имунитет.

Реакцијата од Македонскиот полициски синдикат ја пренесуваме во целост:

„Имено господине Апасиев, сте биле сопрен од страна на УНИФОРМИРАН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК, а не од ,,Џандар,, при вршење контрола над безбедноста во сообраќајот.

За тоа како се вработил во Министерството за внатрешни работи и како се образувал за ПОЛИЦАЕЦ не е Ваше да коментирате, бидејќи во Министерството за внатрешни работи постојат точно утврдени правила за тоа.

Согласно правните прописи, Униформирани полициски службеник врши контрола во сообраќајот при што превентивно и репресивно постапува согласно утврдената фактичка состојба на терен.

„Тресењето на возилото“, е ПРЕГЛЕД, а не претрес за што Вие како „добар познавач на правото“ треба да ја знаете разликата. Последиците од непостапување по наредба од Униформирани полициски службеник исто така вие како „добар познавач на правото“ треба ги знаете.

Дали и како се однесувал полицискиот службеник за тоа ќе си утврди соодветната служба на МВР.

Вашето однесување како Пратеник, Вашиот вокабулар, а особено непознавањето на Вашите обврски и права кои произлегуваат од Вашиот пратенички мандат како и неоснованото повикување на пратенички имунитет ја отсликува Вашата личност.

Кога сме веќе кај Вашиот Имунитет на кој се повикавете, еве ние „џандарите“ да Ви дадеме бесплатна лекција по ПРАВО:

Уставниот имунитет на кого сте се повикале не ве ослободува ниту од прекршочна, ниту од кривична одговорност.

Член 64 од Уставот на Република Северна Македонија на кого се повикувате гласи:

Пратениците уживаат имунитет.

Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.

Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.

За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили.

Пратеникот има право на надомест утврден со закон.

Вие како пратеник уживате материјален и формален имунитет.

Материјалниот имунитет е заштита од кривично гонење за искажано мислење во Собранитето односно пратеникот неможе никогаш да одговара за кажан збор од говорница или за гласање во собраниска постапка.

Формалниот имунитет го штити пратеникот од притвор освен ако не е затечен при извршување на кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку 5 години затвор како што е наведено во член 64 од Уставот на Република Северна Македонија

Службената легитимација господине Апасиев не е документ за ослободување од прекршочна или кривична одговорност истата е документ за утврдување на идентитет и функција.

Како Македонски полициски синдикат ги повикуваме сите наши членови од МВР, а воедно и сите вработени во МВР да не потклекнуваат на вакви притисоци и да ги извруваат своите задачи согласно позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.

Ние како Македонски полициски синдикат будно ќе ги следиме сите напади кон нашите членови и воопшто кон сите вработени во МВР и навремено и аргументирано ќе реагираме.“, се наведува ве реакцијата од Македонскиот полициски синдикат.

 

Next Post

За светските дипломати Северна Македонија е светол пример, а Мицкоски не собра храброст ни да го спомне Преспа форумот за дијалог

НАЈНОВО

Јужна Африка 12 часа држеше 150 Палестинци во авион

November 14, 2025

ЕК за оценките за „ново мнозинство“ во ЕП: Секогаш ќе бидеме подготвени за соработка со проевропските и продемократските сили

November 14, 2025

Клековски: Дијабетичарите се третираат со трета генерација инсулин, Владата работи на разрешување на дефицитот на сензори

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk