Додека политичари и дипломати од регионот, Европа и од целиот свет во Охрид покажаа поддршка на Северна Македонија, поддршка на Преспанскиот договор и политиката која ја води земјава, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски останаа изолирани во своите блокади и недавањето поддршка на успесите на Северна Македонија.
Убеден сум дека ќе се постигне решение помеѓу Софија и Скопје во врска со прашањата кои го блокираат напредокот на Северна Македонија кон членство во ЕУ, изјави американскиот заменик помошник државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер.
Веќе се работи на интерконективното поврзување, а преземени се и повеќе активности за Коридорот 8, односно патно и железничко поврзување со Албанија. Активностите и можностите беа тема на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими и албанската министерка за финансии и економија Анила Денај остварена на маргините на Преспа Форум Дијалог во Охрид.
Полицискиот синдикат со реакција до Апасиев: Вашиот вокабулар, а особено непознавањето на пратеничките обврски ја отсликува вашата личност.
Пораки од меѓународниот форум во Охрид: Преспанскиот договор ги дава резултатите, време е Брисел да испорача.
Во интервју за неделната емисија за меѓународна политика „Во саботата 150“ на БНР, словенечкиот амбасадор во Бугарија, Анжеј Франгеш, коментираше дека ќе биде стратешка грешка Балканот да биде изоставен од процесот на евроинтеграција.
Што пишува на надгробната плоча на Џим Морисон, починат на денешен ден пред 50 години?
Eкипите на Град Скопје веднаш ги ослободија дрвјата, соопштуваат од Град Скопје. Дрвјата биле бетонирани по грешка на изведувачот, а за ситуацијата веднаш реагираше и градоначалникот Шилегов кој вчера беше присутен на терен и ја координираше работата на службите што беа задолжени за експресната интервенција при ослободувањето на дрвјата.
Во последните 24 часа се направени 3.028 тестирање, а регистрирани се шест нови случаи на КОВИД-19, по два во Скопје, Битола и Кичево – по 2. Не се регистрирани починати, ниту оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
ФРОНТ: Пишува Ваљон Салиху – Дали ВМРО-ДПМНЕ се откажа од Скопје? Со оваа националистичка реторика, Мицкоски се фокусира на борба за изборна победа во македонски средини, но во мултиетничко Скопје убеден сум дека таквата стратегија ќе доживее пораз уште во првиот изборен круг.
Наум Петрески се прогласи себеси за владин музичар.
Убедена сум дека иднината на Западен Балкан лежи во вистинска обединета Европа, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по повод претстојниот виртуелен самит од Берлинскиот процес, закажан за понеделник, на кој домаќин е Германија.
Од Министерството за здравство посочуваат дека сите граѓани кои изразиле желба за вакцинација ќе се вакцинираат и додаваат дека процесот оди многу брзо и оти располагаат и со голем број вакцини.
Марко Пејчиноски од Охрид, денеска по втор пат го преплива Охридското Езеро. Нему му беа потребни нешто повеќе од 14 часа за од Охрид да исплива до Свети Наум.
Ј. Ѓ.