ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Меркел: Иднината на Западен Балкан е во обединета Европа

July 3, 2021 14:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Убедена сум дека иднината на Западен Балкан лежи во вистинска обединета Европа, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по повод претстојниот виртуелен самит од Берлинскиот процес, закажан за понеделник, на кој домаќин е Германија.

Меркел, во видео порака кажа дека е среќна, иако тоа ќе биде само виртуелен состанок, што ќе и овозможи да продолжи да работи со шефовите на држави и влади на Западен Балкан, процес што беше почнат во 2014 година, како Берлински процес, на иницијатива на Германија.

Таа посочи дека е постигнато многу од воспоставувањето на Берлинскиот процес, чија цел е да даде конкретен придонес кон стабилноста во регионот и мирниот дијалог.

-Западен Балкан е непосреден сосед на ЕУ. Тоа е дел од Европа, каде раните од војната се уште не се залечени, а голем број граѓани од таа област живеат и во Германија. Јасно ми е дека земјите од ЕУ мора да имаат интерес за мирен развој на Западен Балкан. Ние сме одговорни практично да се залагаме за развој во тој дел на Европа, нагласи Меркел.

Германската канцеларка додаде дека процесот во Берлин веќе постигнал одреден успех и во тој поглед, таа особено го издвои неодамна основаниот Форум за млади.

Таа истакна дека она што долго време се сметаше за невозможно, конечно е можно, а тоа е размена на студенти од различни религии и етникуми.

-Тоа е практичен придонес кон мирот, подвлече Меркел, додавајќи дека меѓусебното признавање на дипломите, соработката во науката, како и напредокот во инфраструктурните проекти, што се карактеризира со чекори што водат кон зајакнување на прекуграничната размена меѓу граѓаните од регионот и надминување на предрасудите.

„Сето ова ги води земјите од Западен Балкан напред кон заедничката цел за исполнување на условите за членство во ЕУ. Убедена сум дека, порано или подоцна, нивната иднина навистина ќе биде во обединета Европа“, нагласи таа.

Меркел посочи дека се уште има многу предизвици на Западен Балкан, дека недовербата и национализмите не исчезнале, а билатералните спорови можат да се разгорат во секој момент, поради што е потребно помирување. Тоа, вели таа, значи надминување на минатото и правење на се што е можно за идните генерации да живеат во мир.

Next Post

Наумоски: Пратеничкиот имунитет не те штити од претрес некадарен професоре по право и лажен познавачу на уставот

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk