ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За светските дипломати Северна Македонија е светол пример, а Мицкоски не собра храброст ни да го спомне Преспа форумот за дијалог

July 3, 2021 16:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека политичари и дипломати од регионот, Европа и од целиот свет во Охрид покажаа поддршка на Северна Македонија, поддршка на Преспанскиот договор и политиката која ја води земјава, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски останаа изолирани во своите блокади и недавањето поддршка на успесите на Северна Македонија.

Отсуството на партиските функционери од ВМРО-ДПМНЕ на меѓународниот форум, кој ја става земјава во центарот на политичките случувања во Европа и светот, повторно покажува дека изборот на опозициската партија е меѓународна изолација. Со игнорирањето на Преспа форумот за дијалог, ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат покажа дека теснопартиските интереси и дневнополитичките поени им се поважни од државните и националните интереси на земјава.

Иако декларативно, опозициската партија го поддржува членството на Северна Македонија во НАТО, сепак тие не го поддржуваат и остануваат против Преспанскиот договор, кој по 25 години ги отвори вратите на Алијансата и овозможи земјава да застане рамо до рамо со најразвиените земји на светот.

Дека Преспанскиот договор е реалност и „виновник“ за излегувањето на земјава од изолација, но истовремено и пример за тоа како треба да се пристапи и како да се решаваат отворените проблеми и конфликите потврдија сите гости на Форумот.

Помошник – државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер на Преспа форумот за дијалог истакна дека Преспанскиот договор е пример за целиот свет, не само за регионот за тоа како се пристапува и како се решава децениски спор.

„Она што отскокнува за мене и за многу Американци, е што во Преспа постои стандард за останатите во регионот и за остатокот во светот, како се решаваат отворени конфликти преку дијалог. Меѓународната заедница го препознава значителниот напредок што досега го направи Република Северна Македонија и храброста што е потребна да се соочи со досегашните предизвици“ кажа Рикер.

Од друга страна пак, додека државата бележи успеси и политиките на Северна Македонија се претставуваат како светол пример во целиот свет, Христијан Мицкоски повторно повикува на дуел за да се разговара за детали кои на цел свет се познати. Заробени во својата политика на изолационизам, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за предавство на македонскиот јазик и идентитет во преговорите со Бугарија, додека цела Европа и целиот свет знае дека никој не преговара и не може да преговара за тоа.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како скарани со логиката повторуваат дека Владата на СДСМ извршила предавство, а потоа обвинуваат дека истата таа влада е виновна за ветото од Бугарија.

„За целиот свет е јасно дека никој не разговара за македонскиот јазик и идентитет и тоа го потврдуваат сите. Дури и Бугарија даде одговор на предлогот за Патоказот од каде што се гледа дека не се разговара за јазикот и идентитетот. Само на Мицкоски му треба Декларација за тоа“ рече премиерот Зоран Заев.

Д. Е.

Next Post

РСС: Роамингот на Западен Балкан од 1 јули не се наплаќа, операторите и националните регулатори да се придржуваат до договорот

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk