Почнувајќи од 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација, информираат од Министерството за здравство.
Премиерот Зоран Заев денес учествуваше на Самитот на земјите од Западен Балкан. Самитот го отвори германската канцеларка Ангела Меркел која во своето обраќање се заблагодари на целиот регион, на политичките лидери, како и на сите меѓународни институции, Европската Комисија и земјите членки на ЕУ кои го потпомагаа овој процес во изминатите седум години.
Младите лекари да не стравуваат затоа што имплементирањето на политиките што се однесуваат на нивниот стручен напредок ги правиме заедно со нив, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски вели дека не е планирано ново одложување на пописот во септември и оти тој ќе се спроведе во предвидениот период. Се разбира, нагласува тој, ќе се следи епидеиолошката ситуација, а пописот ќе биде спроведен согласно предвидените мерки и протоколи за заштита.
Хибридните закани наметнаа друг тип на војување, посуптилен од класичниот, но еднакво разорен. Една лажна вест може да сруши цел еден систем или да го наруши неговиот кредибилитет до таа мера што ќе го загрози неговото функционирање
Костадин Костадинов од СДСМ, и пратениците од ДОМ и ЛДП изјавиле дека ќе ја прифатат резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова тие го потврдија во изјава за медиумите по средбата со нивните колеги од опозициската партија Антонио Милошоски и Тимчо Муцунски, пренесува МИА.