ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За 15 години околу 5.000 деца Роми бесплатно биле вклучени во предучилишно образование

July 5, 2021 16:06
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Образованието во раното детство игра клучна улога во развојот на децата и има значајни позитивни социо-економски ефекти врз целото општество. Развојот на интелектуална љубопитност, истрајностa, социјалните вештини и емотивната стабилност  во текот на детството се подеднакво важни за успехот на децата во доживотното учење, социјалната интеграција, личниот развој и подоцна, при вработувањето“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешниот завршен настан на кој се презентираа постигнатите резултати од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“.

Отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца,  се целите кои беа поставени со овој проект кој е од  огромно значење за припадниците на ромската популација.

Министерката Шахпаска информираше дека во текот на изминатите 15 години од имплементацијата на проектот бесплатно биле вклучени околу 5.000 деца од ромската етничка заедница во 20 општини, а за таа цел биле  ангажирани 20 негувателки Ромки,  како и 17 медијатори кои работат на проектот во соработка со градинките, негувателките и проектниот тим.

„Важно е да се напомене дека ромските деца не се сместени во сегрегирани  групи во градинките, туку во интегрирани групи заедно со децата од другите заедници кои живеат во Република Северна Македонија. Ова е уште еден доказ дека градиме општество еднакво за сите, општество кое интегрира, а не сегрегира“, истакна министерката.

Проектот „Инклузија на деца Роми  во предучилишно образование“ во учебната 2020-2021 година беше имплементиран во 20 општини при што беа опфатени  вкупно 120 деца, бројка која ќе беше далеку поголема ако не беше пандемијата со КОВИД 19 и пропишаните протоколи.

„Она што во 2006 година започна како проект, денеска е една успешна јавна политика не само во земјава , туку во целиот регион. Образованието е клучен предуслов за целосна интеграција и инклузија на ромската популација“, истакна директорот  на Ромскиот едукативен фонд , Реџепали Чупи.

Министерката Шахпаска посочи дека овој проект  придонесе и за зголемување на стапката на запишување на децата во прво одделение, кое значително го подобрува развојот на децата Роми и вклучувањето во образовниот систем. Тоа го потврдува и секој Извештај за Прогресот на Република Северна Македонија на Европската Комисија, каде што овој проект беше посочуван како успешен модел за зголемување на нивото на образование кај ромската популација.

Соработката со Ромскиот Едукативен Фонд и имплементацијата на  овој проект  продолжува и оваа учебна година, 2021/2022, со вклучување и физичко присуство на 400 деца Роми.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Повеќе лица повредени во пукотница во Чикаго

July 3, 2025

Почна кампањата за изборите за Горниот дом во Јапонија

July 3, 2025

Израелската армија употребила бомба од 230 килограми во нападот врз кафуле во Газа

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk