ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Градиме општество без предрасуди, општество кое ќе интегрира, а нема да дискриминира

July 7, 2021 10:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Шахпаска се обрати на ​Меѓународната Колиција за еднакви права: Градиме општество без предрасуди, општество кое ќе интегрира, а нема да дискриминира

„Република Северна Македонија е држава во која принципот на еднаквост и недискриминација се применува во сите области од општественото живеење: социјалната заштита, здравството, образованието, работните односи и правосудството. Почитувањето и унапредувањето на човековите права и слободи е наш приоритет како Влада“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во видео обраќањето на виртуелната конференција  организирана од  Меѓународната Колиција за еднакви права во која членува и нашата земја.

Во насока на креирање на политики и преземање на активности за справување со дискриминацијата во државата, министерката Шахпаска ги посочи двата закони кои неодамна беа донесени во нашата драва.

„Минатата година во октомври го донесовме Законот за спречување и заштита од дискриминација во кој за прв пат како  основ за  дискриминација се дефинирани  сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Формиравме Национално координативно тело за недискриминација и еднаквост, со цел промовирање на концептот за недискриминација и еднакви можности како и следење на состојбите на ова поле во сите сфери на општественото живеење“, рече министерката.

Таа посочи дека оваа година по втор пат се одржа Парадата на гордоста, со поддршка на  владините институции и граѓанскиот сектор. Сето тоа, придонесе Република Северна Македонија да се искачи 12 места погоре во однос на минатата година, на картата на Rainbow во однос на елиминирање на дискриминацијата на ЛГБТ лицата во нашата држава.

„Убавината на мозаикот ја прават различностите. Градиме општество кое се темели на еднаквост  слобода и правда. Нашата цел е секој  да се чувствува слободно во избор на својата ориентација, професија, остварување на својата визија. Општество кое ќе интегрира, а нема да дискриминира. Градиме општество без предрасуди. Општество во кое секој граѓанин ќе го прави својот избор“, порача министерката Шахпаска.

Оваа конференција претставуваше  подготовка во креирање на Глобална стратегија за еднакви права на ЛГБТИ заедницата, на која учествуваа и министри од други земји, како и граѓански организации.

 

 

Next Post

Излезе од печат 11-тиот број на „Дипломатскиот летопис“

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk