ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска во Рига: се разгледуваат можностите за учество во борбената група на Алијансата во Латвија

July 7, 2021 16:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Можностите за вклучување на Северна Македонија во т.н. „Зајакнато истурено присуство“ на Алијансата во Латвија, во рамките на словенечкиот контингент беше една од темите на која денеска во Рига разговараа министрите за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, на Словенија, Матеј Тонин, и на Црна Гора, Оливера Ињац, во рамки на работната посета чиј домаќин беше министерот за одбрана на Латвија, Артис Пабрикс.

„Северна Македонија како посветен и НАТО сојузник, целосно ги поддржува вредностите на Алијансата и цврсто верува во столбот на НАТО – колективната одбрана и подготвеноста заеднички да се гарантира мирот и стабилноста на целата евроатлантска област“, рече министерката Шекеринска при посетата на воената база Адаџа каде тројцата министри извршија обиколка и имаа средби со војниците и командната структура.

Шекеринска истакна дека присуството на тројцата министри од регионот, на северот на Европа, испраќа моќна порака на сојузништво и солидарност во Алијансата.

Министерката порача дека Армијата со учеството во мисијата КФОР во Косово веќе дава свој значаен придонес кон регионалната стабилност, но и дека постои подготвеност заедно со Словенија и со Црна Гора да преземеме дел од одговорностите и во рамките на борбената група на Алијансата во Латвија.

„Одличното досегашно искуство во заедничките регионални процеси, како и заедничкиот регионален придонес во мисиите ИСАФ и ’Одлучна поддршка’ во Авганистан, се доказ дека балканските земји – сојузници во НАТО функционираат одлично во заеднички контингенти и дека бенефит од ова заедничко учество би имале и трите држави од регионот, но и целата Алијанса“, рече министерката Шекеринска и додаде дека Северна Македонија, Црна Гора и Словенија имаат одлична меѓусебна билатерална соработка која го отвори патот за заеднички придонес и во „Зајакнато истурено присуство“.

Next Post

Дерала: Македонското општество се ослободи од режимот, но дел од режимските инсталации останаа (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk