ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стартува проектот за првиот приватен ветерен парк Богословец, инвестиција од 61 милион евра

July 7, 2021 20:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во близина на селото Богословец ќе се гради првиот приватен ветерен парк во државва, инвестиција во вредност од 61 милион  евра. Во пролетта 2025 година се очекува да почне со работа и во наредните 25 години да овозможи зелена енергија за околу 20 илјади домаќинства во државата.

-Првиот  приватен парк на ветерници во  земјава Богословец во домашна сопственост денеска станува реалност. Овој проект е исклучителен  придонес кон пренасочувањери на нашето национално производство на електрична енергија  кон обновливи избори и надополнување на електричното  произвдоство приклучено на државниот оператор. Ветропаркот Богословец со предвидените осум турбини и моќност од 36 мегавати ќе го удвои постојниот ветерен капаците во земјата  и ќе придонесе кон намалување на CО2 емисите од над 87.000 тони годишно, рече премиерот Зоран Заев на свеченоста по повод стартот на инвестицијата.

Министерот за економија Крешник Бектеши потенцираше дека изградбата на ветерната електрана „Богословец“ е инвестиција на домашна компанија со која ќе се зголеми учеството на енергетиката произведена од ветерни електроцентрали во државата за дополнителни 36 мегавати. 

-Ова нека биде пример за сите наши стопанственици – домашни, но секако и странските кои се повеќе од добредојдени да инвестираат во нашата држава за да ја користат можноста да инвестираат во обновливите извори на енергија во нашата држава бидејќи нашите закони тоа веќе го овозможуваат, нашата определба како Влада, како Министерство, како други институции кои се вклучени тоа го овозможуваат на транспарентен, конкурентен и отворен начин каде сите ќе бидат еднакви, рече Бектеши.

Владата ја одобри изградба на ветерниот парк на барање на „Тор Импекс“, проектна компанија што го развива проектот за „Богословец“. „Siemens Gamesa“ ќе произведува и ќе инсталира осум ветерни турбини на локацијата. Напојувани од ротори со дијаметар од 145 метри со висина на јарбол од 102,5 метри, овие турбини ќе имаат вкупен капацитет од 36 MW откако ќе се активираат.

Проектот „Богословец“ треба да придонесе за  поставените цели на државата да го пренасочи национално производство на електрична енергија, во кое сè уште доминира кафен јаглен (лигнит), кон зелени извори. Државата сака да го зголеми за повеќе од 50 проценти својот национален обновлив капацитет до 2024 година, што доведува до дополнителни 400 MW и 160 MW соларна и ветерна енергија.

извор: МИА
Next Post

Трамп ги тужи Твитер, Фејсбук, Гугл

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk